ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Калеска –Ванчева: СДСМ во изминатите две години спроведе бројни мерки за унапредување на правата на жените

Во составот на Извршниот одбор на СДСМ, од 16 членови, 9 се жени

September 26, 2019 14:11
in ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Како партија предводник на промените, СДСМ во изминатите две години спроведе бројни мерки за заштита и унапредување на правата на жените. Донесен е Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е усогласен со европските стандарди, каде за првпат како основа за дискриминација е вклучен и родовиот идентитет, изјави Снежана Калеска –Ванчева, координаторка на форумот на жени на СДСМ и пратеничка.

„Ја ратификувавме Истанбулската конвенција, а донесен е и Национален акциски план за нејзина имплементација. Го укинавме рестриктивниот Закон за прекин на бременоста. Парламентарното мнозинство донесе нов Закон кој овозможува жената сама да одлучува за своето репродуктивно здравје. Со него, го вративме правото на на самостојна одлука и безбеден абортус. Низ сопствен пример, СДСМ дава поттик за поголема застапеност на жените во политиката и процесите на одлучување. Иако нема ниту законска ниту статутарна обврска, СДСМ е прва политичка партија во која Извршниот Одбор на партијата има повеќе жени од мажи. Во составот на Извршниот одбор, од 16 членови, 9 се жени“, рече Калеска –Ванчева.

Според неа, заложба на СДСМ е зголемување на квотите на застапеност на жените во политиката на 50 отсто и партијата ќе се стреми тоа да го оствари до крајот на мандатот.

„Активно работиме на обезбедување на услови за подигнување на животниот стандард и финансиската независност на жените. Ја зголемивме минималната плата во кожарската, текстилната и чевларската индустрија каде во голем дел работат жени кои со години беа дискриминирани и земаа помала плата од законскиот минимум. Значително се зголеми платата на воспитувачките и негувателките во градинките. Тие денес земаат плата повисока во просек за 3.000 денари, а веќе со септемвриската плата добиваат дополнително покачување од 5 отсто“, рече Калеска –Ванчева.

Од оваа година, за прв пат, жените кои се занимаваат со земјоделство и преработка на земјоделски производи ќе можат да добијат неповратен грант од 3.000 евра, додаде таа.

Извор: СДСМ

 

Next Post

СДСМ: Дали Мицкоски е вмешан во „Рекет“, па силно го брани Камчев кој „дебело“ ја финансирал кампањата на ДПМНЕ

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk