Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Дневната температура ќе се движи од 15 до 26 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Дневната температура ќе достигне до 22 степени.
Од петок ќе настапи стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.
Извор: МИА