ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Борбата со дивоградбите зема конкретен замав, сопствениците почнуваат сами да си ги отстрануваат дивите објекти

По најавите на Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и по подготовката на градежните екипите денес да излезат на терен и да рушат две дивоизградени платформи поставени во водите на Охридското Езеро, се јавиле сопствениците на тие објектите и повикуваќи се на нивното законско право, побарале да им се овозможи тие сами да ги отстранат дивите објекти. Доколку за два-три дена сопствениците не отпочнат со отстранување на платформите, Општина Охрид и службите, ќе отпочнат со нивно рушење.

September 27, 2019 16:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По најавите на градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски и по подготовката на градежните екипи, денес да излезат на терен и да рушат две дивоизградени платформи поставени во водите на Охридското Езеро, се јавиле сопствениците на тие објектите и, повикуваќи се на нивното законско право, побарале да им се овозможи тие сами да ги отстранат дивите објекти.

Подготовките за рушење се прекинати, но доколку за два-три дена сопствениците не отпочнат со отстранување на платформите, Општина Охрид и службите, ќе отпочнат со нивно рушење, а трошокот за таа акција ќе падне на грбот на сопствениците.

Сè ова следува по одлучните најави на Општина Охрид и градоначалникот Георгиевски, а во координација со централната власт, за конечно да се срушат дивоизградените објекти во Охрид и да се стави крај на нелегалното градењето во заштитениот појас на Охридското Езеро.

„Јавноста треба да разбере дека ова е проблем кој е напластуван години наназад. Последен пат отстранување на дивоизградени објекти имаше во 2003-2004 година. Оттогаш до денес, во Охрид не е срушено ниту едно столпче. Ние не можеме да го разрешиме овој проблем во три дена, ова е битка која ќе трае неколку години.“, изјави Градоначалникот Георгиевски.

Акцијата за рушење започна на 20 септември со рушење на дивоизгардениот објект на улица „Марко Нестороски“. Многу сопственици чии објекти се на листата за рушење, со нотарска изјава побарале од Општина Охрид, да им се дозволи сами да си ги отстранат дивите објекти во рок од 20 дена.

На 24 септември, градежни работници ангажирани од сопственикот на кафетеријата „Аквариус“, ја отстранија дивоизградената платформа  на кафетеријата што се наоѓа покрај езерото во стариот дел на Охрид.

 

Ќе ја зафати ли овој бран на само-рушење и дивоградбата на Нефи Усеини, што се наоѓа кај „Чинарот“, во строгиот центар на градот, или ќе треба да реагираат градежните служби ангажирани од Општина Охрид?

Дали ќе си го почитува својот збор Советникот од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, кој изјави дека доколку се урива на брегот на езерото без да се прави селекција, тој сам ќе ја отстрани пицеријата „Луна“, останува да видиме. Ова се поставува како прашање, зашто токму Усеини беше спомнуван како еден од главните поддржувачи на „пишман протестот“ за поддршка на дивоградбите што се најави, но не се одржа.

Во заштитениот појас има 409 дивоградби, а вкупно има 1.076 објекти кои се на крајбрежјето на Охридското Езеро, во стариот дел на градот и во потегот на Националниот парк „Галичица”.

На 23 јули Владата им препорача на општините од регионот, Охрид и Струга, да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство и да изготват и акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините.

„Имаме поддршка и координација со централната власт во однос на овие активности. Ценам дека работите се значајно поместени од мртва точка и дека треба сфаќањата целокупно да се променат. Конечно, овде мора да почне да се почитува правото и законот“, изјавил Градоначалникот Георгиевски.

Министерот за Транспорт и врски Горан Сугарески, во август, најави бескомпромисна борба со дивоградбите:

„Уривањето на дивоградбите во Охрид ќе почне во текот на септември, а приоритет ќе имаат дивоградбите во заштитеното јадро и во националниот парк Галичица. Уривање ќе има и на Матка, но откако ќе истечат законските рокови за жалби по поднесените барања за легализација на дивите платформи.“, изјави Сугарески во интервјуто дадено за Макфакс, во август 2019 година.

Останува да видиме дали за таа поддршка и координација на централната власт, знае и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кој е од редовите на Алтернатива на Африм Гаши и ќе притиска и ќе условува ли ДУИ чиј Советник е Нефи Усеини.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Молк во костуми

May 22, 2025
Фото: К. Калас на Х

Калас: Јасна порака до властите во Србија – спроведете ги потребните реформи, одредете ја стратешката насока

May 22, 2025

ДИК изгласа одлука за ангажирање лица во работна група за обработка на избирачки список и серверска и мрежна инфраструктура

May 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Нов скандал, шеми со станови на Максим Димитриевски и неговиот кум во Куманово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕСА подготвува мисија за блиската средба со астероидот Апофис во 2029

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари се поблиску до ДУИ, но и до СДСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ИЗБОР) Албански медиуми: Во мегаоперација на СПАК и италијанската анти-мафија уапсени 52 лица; Бериша се жали во САД за поразот на изборите; Албанија го отвора третото поглавје; И по 19 обид не успеа конституирањето на косовското собрание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Толку од самостојноста на претседателката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk