Градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа, изјави Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.
На овој настан беа изложени новите контејнери, новите машини за чистење на улиците и новите корпи за џебен отпад.
„Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. Градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа.
Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери
Денеска беа промовирани и новите 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи, како и новите 12 електрични машини за вакумско чистење и 10-те електрични возила за чистење и миење на јавните површини.“, изјави Градоначалникот Петре Шилегов