Велика Британија го испрати својот предлог за Брегзит до лидерите на Европската унија, а премиерот Борис Џонсон повика на брзи преговори за постигнување решение.
Предлогот се фокусира на одржување на отворената граница помеѓу Северна Ирска и земји-членки на ЕУ, клучна точка во договорот за Брегзит.
Тој истакнува дека неуспехот да се постигне договор ќе биде неуспех за кој ќе бидат одговорни сите.
Велика Британија предложи создавање регулаторна зона на ирскиот остров што ќе ги покрие сите стоки и обврската да се избегнат гранични проверки.
Пред крајот на преодниот рок по Брегзит, декември 2020 година, Собранието на Северна Ирска и извршната власт треба да се согласат на тој аранжман, како и на секои четири години потоа, се вели во документот.
Северна Ирска ќе остане дел од царинската територија на Велика Британија, но за да се избегнат царинските проверки, ќе се воведе декларативен систем со поедноставен процес за малите трговци. Таквиот предлог за договор треба да биде прифатлив за обете страни, се заклучува во документот.
Извор: МИА