ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Царовска: Повеќе немаме деца од нула до три години сместени во институција

Ова е историски ден затоа што повеќе немаме деца од нула до три години  сместени во институција, и тоа е голем исчекор за почитувањето на детските права и човековите права во нашата држава.

October 2, 2019 14:35
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Мила Царовска, денеска во Битола, каде претстави еден од петте групни домови за сместување деца, изјави:

– Ова е историски ден затоа што повеќе немаме деца од нула до три години  сместени во институција, и тоа е голем исчекор за почитувањето на детските права и човековите права во нашата држава.

Царовска потврди дека 27  деца се сместени во мали групни домови во Битола и во нив има простор и за интервентно сместување.

-Познатиот Мајчин Дом во Битола кој згрижуваше деца од нула до три години денес се трансформира и сите дечиња се преселени во мали групни домови во кои што сите вработени се прераспоредени и нити еден вработен не остана без работа. Обезбедивме соодветни услови, топлина и семејна грижа во која децата може да се развиваат и да го постигнат својот максимален потенцијал, а притоа ги задржавме стандардите на институцијата. Со оваа активност направивме многу за нашата држава, поставен е нов стандард, ново ниво  за заштита на децата во нашата држава и горди сме на тоа, нагласи Царовска.

Според амбасадорката на Велика Британија Рејчел Галуеј, поддршката на проектот на Министерството за труд и социјална политика е мотивирана од желбата децата да бидат сместени во подобри услови, односно во домови.

-Овој процес е систематски и со цел да им се даде поддршка на децата и на семејствата во цела држава да може да ги одгледуваат своите деца и во таа смисла Велика Британија со задоволство сака да биде дел од овој владин проект, истакна амбасадорката Галуеј.

На отворањето на еден од петте групни домови во Битола присуствуваа претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и градоначалничката Наташа Петровска.

-Дечињата ги згрижуваме во подобри услови и во домашен амбиент. Но, објектот на Мајчиниот Дом во Битола и понатаму ќе биде функционален затоа што дел од сместувачкиот капацитет ќе биде адаптиран за деца кои се сметуваат во Детски градинки со што и нив ќе им излеземе во пресрет, истакна Петровска.

Извор: МИА 

Next Post

Ѓукановиќ: Северна Македонија ја научи лекцијата и треба да добие сатисфакција од меѓународната заедница

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за финансии

СДСМ тврди дека „дупката“ во ПИОМ достигнала 1 милијарда евра, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека Фондот е стабилен

September 17, 2026
Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk