пишува: РИБАРО
Се будам утрово и така ме затепа еден флеш на жута чешма, жута канта, жута чизма, не толку жути костум-вратоврски, ама се така на жолто ми маваше флешот, никако да го тргнам од ум.
За пет минута – Ало, пеер… Ало пеер! – ја собирам екипата на „Аха“ и се мавнавме на сеќавања.
– Аха, сте заборавиле ли пеери на онаа една чешма, што ја отвараше лично и двојноперсонално Грујо и неговото височество градоначалник? Коце бе, оној во тесна Спидо купаќа и раскошна градна таписерија, шо го сликаа на Халкидики негде, се сеќавате во кое место во Скопско некаде, како ја отвараат чешмата?.
Е Д Н А чешма бе, со бетонско корито и со панделка, а околу неа двајца државно-локални високодостојници – едниот Градоначалник на единствениот град во Македонија (нели сите други ги водиме како општини), а другиот Премиер на единствената држава во Европа, која тогаш беше во ек на градежната офанзија наречена „Најтешкиот арамилак во историјата на Македонија“, или официјално „Скопје 2014“.
Аха, а ви текнува ли на она кога отвараа една канта и една полуканта во еден двор ли е што ли е, а таму наконтен безмалку цел државен врв: Министерот тогашен за Финансии Ставре ние сме лудаци, оној Марјан ли се викаше што вртеше волови на ражен и секако неизбежен во таква пригода жута чизма Коце? Па, не е можно да не се сеќавата, такви почести за толку респектираната канта и тоа пред цел нормално-избудален македонски аудиториум, не се сеќавам друг дека има добиено.
Аха, ви текнува како се криевме по забит кафанчиња и сокачиња за раат да си искоментираме шо како не ебат овие во мозок и по џеп, а башка шо не ебеа потценувачки на јавна сцена преку Латаси, Ивони Миленко-Јанковци, Свирки и цела потплатената партиско-медиуска пропагандна машинерија?
Тераме така еден-друг муабет со екипава пајташка од „АХА“, читај се испотепуваме, и се јавува Мрчо, па ми вели:
– Аха, а бе, таа чешмата што ја отвараа Грујо и Коце, не беше жута, а и кантата од Ставре не беше жута, кого фарбаш ти!
Станав да го тепам…
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK