ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

До кога со Курираната и партал-порталите?

Ако има бар малку човештина останато во нив, треба да им се извинат токму на тие болни, изнемоштени и други лица кои не се во можност сами да појдат и да си ги подигнат лековите. Овие пропагандни машини немаат ништо човечко и професионално во себе.

October 4, 2019 19:25
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Одам на прес. Двајца  директори и Премиер даваат изјави и одговараат на прашањата од новинарите. Пресот е за укинување на квотите за лекови. Исклучително сериозна и битна тема. Новинари еден куп. Добро е, препознавам само два-тројца, што значи другите мора да се ок. професионалци. И навистина, имаше убави и корисни тематски прашања.

Следи одговор на прашањето што со право се поставуваше во јавност: „Дали ќе може друг да подигне лек за лице кое од различни причини е оневозможено да појде и само да си го подигне лекот?

Одговор даде еден од директорите на ФЗО – Орхан Рамадани:

„Посебно нагласувам, постарите лица, деца под 18 годишна возраст, како и лица кои не се во состојба сами да ги подигнат лековите, не треба да стравуваат дека ќе останат без лек. Предвидена е можноста, во нивно име, нивни блиски да може да го подигнат лекот“

Наредниот, или истиот ден имаме ваков наслов на Курир.мк:

„Од денеска нема да можете да земете лекарства за болен роднина – лекови на рецепт само со лична карта или пасош“, па додаваат: – Тоа би значело дека болните лица ќе мораат сами да одат до аптека да ги подигнат потребните лекарства, односно во нивно име нема да може никој да ги подигне.

Одма после објавата, Курираната го презема и објавува ова на своите портали, па се штанца на социјалните мрежи. Луѓе што ја прочитале дезинформацијата на Курираната, загрижени, не им се верува како може ваква мерка…

Читам и не ми се верува. Па тука, околу мене беа непрокопсанициве што ја пренесуваат оваа лажна вест. Тоа се оние Ремфилд вазали на вемерото, јасно ни е на сите тоа, но не престануваат да нè изненадуваат со тоа до каде им се границите и ги имаат ли воопшто. Како е можно ова да го пишат, кога сите слушнавме како Рамадани посебно нагласи дека лицата кои не се во состојба сами да појдат во аптека, не треба да стравуваат зашто во нивно име може нивни блиски да им набават лекови?!

Не се ова ненамерни грешки. Вакви манипулации не може да се исправат или да се аминуваат со какви и да било извинувања или коригирања. Патем, во моментов дури го пишувам ова, нема никаква корекција, објавување на демант, или некакво извинување.

А, и од кого да очекуваме извинување, кога сигурно на пресот имаше лично присутен новинар на Курир што ја слушна изјавата на Орхан Рамадани? Не е можно да не разбрале една толку едноставна изјава. Пак ќе речам, пред мене на пресот беше еден од Курираната,  кој на својот партал-портал ја прекопира дезинформацијата без око да му трепне.

Сакале да признаеме или не, тие се безкрупулозни дезинформатори и ширачи на лажни вести. Ќе сака да признае новинарското здружение, или сè уште ќе се вади на некаква колегијалност, но тие луѓе што намерно лажат и дезинформираат, без разлика што при тоа користат медиум, не се новинари.

Прашувате на кого треба да им се извини Курираната?

Па ако има бар малку човештина останато во нив, треба да им се извинат токму на тие болни, изнемоштени и други лица кои не се во можност сами да појдат и да си ги подигнат лековите. Овие пропагандни машини немаат ништо човечко и професионално во себе.

Можете ли да замислите каков стрес доживуваат тие луѓе кога ќе прочитаат таква дезинформација?

Замисли да си изнемоштен возрасен човек „врзан за кревет“ и читаш дека ако сакаш терапија, ќе мора сам да си појдеш и да си го подигниш лекот од аптека лично ти?! Како ќе ги разубедите овие луѓе дека текстот е лага, кога тие се учени да веруваат на пишаниот збор во медиум, па коментираат: – Ма мора да е вистина, башка прочитав на повеќе места.

А, Курирската машинерија има цела плеада непрокопсани партал-портали кои ја шират дезинформацијата како вироза. Имаат и илјадници ботови што потоа ги сеат тие линкови од фејк профили и од лажни Фејсбук групи затскриени зад примамливи имиња.

Ширењето на паника им е главниот мотив на тие партал-портали и ботови. Ним им кажале дека првата реакција на читателите е бурна и гневна, потоа следи разочарувањето. Тие посветено работат и знаат дека крајниот  резултат го постигнуваат во моментот кога читателот губи секаква надеж, па почнува да ги прифаќа информациите „здраво за готово“ и продолжува резигнирано се до наредната дезинформација. А, манипулаторите не застануваат. Тие се силно организирани чим можат да држат толку висок интезитет.

Да не се лажеме дека ќе ги победиме со некакви кодекси за однесување и поведенија.  Тие никогаш нема да застанат, ако не се стави некакова рамка за регулација. Таа рамка за само/регулација треба да ја предложиме ние, т.е. вие новинарите и здруженијата. Таа рамка е потребна дури имаме колку-толку сила и желба да се бориме против дезинформациите и да ги препознаваме дезинформаторите.

Таа рамка ни е потребна С Е Г А  и  О Д М А!

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најголеми непријатели на македонскиот јазик и на мислењето, на идентитетот, се мпц и вмро!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk