пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Нема вовед!
Погледнете ја најновата лажна вест на „Курираната“. Тоа се прилози на Алфа ТВ и на Курир „силно и аргументирано“ поткрепени со фотографии и видео снимки. И во двата прилози има само една „мала“ фалинка – лажна вест се:
– Снимките и скриншотовите на чија „веродостојност“ се повикуваат во прилозите, се од сосема друг настан што се случил пред 5 години, а не на партиски состанок за кој обвинуваат Курир и Алфа.
Што прават во оваа конструкција? Користат видео материјал од пред 5 години и го прикажуваат како да е актуелен настан. При тоа во прилозите ги врзуваат сите клевети кои секојдневно ги слушаме на пресовите на ДПМНЕ.
Алфа ТВ на нејзиниот онлај портал и во ударниот термин во Вестите на телевизијата, одеше со оваа конструкција:
„Директорот на Агенцијата за национална безбедност , Виктор Димовски во првите редови на вчерашниот партиски собир на СДСМ за најава на циклус трибини.“. Пото продолжуваат да си прават конструкција, па додаваат: „И додека јавноста чека одговори и одговорност, Димовски и Ременски се во првите редови во публиката од СДСМ. За да биде уште позачудувачки во среде работно време, оти Николовски зборуваше околу 13 часот.“ Овде го имате видео прилогот од Алфа ТВ.
Но, Алфа не беше прва и единствена која ја пласираше оваа лажна вест. Најчесто, како и во овој случај, прво оди ударната тупаница на пропагандната машинерија – Курир.мк, па уште претпладнето го истурија манипулативниот текст во кој покрај другото велат:
„Првите лица на безбедносните служби во првите редови на партиски настан. Делува како опис на комунистички состанок од СССР, но не е, ова е реалноста во 21 век во „демократска“ Македонија под власта на Зоран Заев.“
Интересно е што позади прилогот на Алфа ТВ е потпишана Симона Србиноска, но ако побарате на која позиција е таа во редакцијата на Алфа ТВ, или дали воопшто е дел од редакцијата, од импресумот ќе го добиете ова:
Добро гледате. Он-лајн изданието на Алфа ТВ, телевизија која има национална концесија од 2013 година има Импресум, но во Импресумот нема ништо – празен бел лист. Од друга страна, на прилогот од Курир нема потпишан автор. Инаку Курир има Импресум со имиња и презимиња, но под речиси ни еден авторски прилог нема да прочитате име од автор.
Е, ова е драги мои нашето медиумско секојдневие креирано во Белата палата, пренесено преку своите диригирани медиумски марионети.
Уживајте?!
П.С. Од СДСМ излегуваат со демант и бараат од Курир кој прв ја пушти веста и од другите да се извинат за лажната вест и да го објават демантот во целост.