ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Розова прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, frontline.mk со поддршка

Денешната порака е важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка

October 6, 2019 12:38
in ДЕНЕС, ФЕМИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје денеска по единаесетти пат „маршираше“ на розовата прошетка „Напред розово 2019 – чекори против ракот на дојка“, во организација на Здружението „БОРКА – за секој нов ден“ и Амбасадата на САД во земјава.

Настанот започна во 11 часот пред Школка во Градскиот парк, а повеќе од 1.500 пешачеа неколку километри. Кога пристигнаа на градскиот плоштад, учесниците формираа розова машна.

Денешната порака е важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

На прошетката учествуваа многу граѓани, вклучувајќи и организирано учество на поддржувачи на Борка од градовите низ Македонија.

Учесниците уживаа во музички хепенинг чија цел е да се овозможи луѓето, т.е. борците против ракот на дојка да се зближат, да се дружат и да го слават животот.

Како и претходните години, така и оваа, собраните средства преку продажба на розови маици ќе се искористат за реализација на годишните активности на Здружението Борка, а тоа се: обезбедување на психосоцијална помош и поддршка за болните од рак и нивните семејства, обезбедување на перики за жените со низок социјален статус кои примаат хемотерапија, посета на клиниката за онкологија и торакална хирургија од страна на волонтери на Здружението, одржување на бесплатната СОС линија за помош и поддршка и др.

Акција која Борка ја организира со години,  fronline.mk силно ја поддржува и ѝ се придружува. Тимот на Frontline.mk  секогаш се залага за родова еднаквост, борба против секое зло, војни, болести, против расна, сексуална, полова или било која дискриминација по било која основа и е против секој напад врз различностите. Сите сме луѓе – сите сме еднакви, е нашето начело за кое ќе се бориме. Посебен акцент, нашиот тим ќе стави на онеправдените и омаловажуваните, и ќе се бори за нивните права!!!

Тимот на FRONTLINE.MK


Next Post

Сугарески: Министерството за транспорт и врски е мотор на инфраструктурните инвестиции

НАЈНОВО

Почна аплицирањето за студентски стипендии за 2025/2026: Рокот е до 15 ноември

November 1, 2025
Фото: МИА

Предизборен молк пред вториот круг: Денеска гласаат болни, затвореници и изнемоштени лица

November 1, 2025

Само 10 отсто жени во трката за градоначалничко место во првиот круг, во вториот круг само три кандидатки

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk