fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Времеплов, 6 октомври

October 6, 2019 03:46
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
6 октомври е третиот ден од Светската недела на вселената, според календарот на ОН

6 октомври е третиот ден од Светската недела на вселената, според календарот на ОН

Share on FacebookShare on Twitter

1014

Во Преспа умрел царот Самуил. Во битката кај Беласица на 29 јули 1014 година, што се воделе меѓу војските на Самуил и византискиот цар Василиј Втори, трупите на царот Самуил биле целосно поразени, а тој се спасил со бегство. По битката, византискиот цар Василиј Втори наредил да се ослепат околу 15.000 Самуилови војници, а на секој стоти војник да му се остави по едно око за да ги води другите.

Битката меѓу Самуиловата и византиската војска

Така ослепените војници биле испратени кај царот Самуил. Од глетката што ја видел, Самуил умрел од срцев удар. Самуил го наследил неговиот син Гаврил Радомир. Самуиловата држава постоела 38 години, од 976 година до смртта на Гаврил Радомир, во 1018 година.

6 октомври 1536 година: Англискиот верски реформатор и преведувач на Библијата Вилијам Тиндејл по наредба на кралот Хенри Осми бил запален.

1767

Роден е хаитскиот државник од африканско потекло Хенри Кристоф, доведен од Гренада како роб на Хаити, каде на крајот од 18. век се вклучил во побуната против Французите.

Хенри Кристоф

По дворскиот пуч во 1806 година во кој и тој учествувал, и по суровото убиство на царот Жан Жак Десалин, кој исто така бил роб, во 1807 година станал претседател на Хаити, а во 1811 година се прогласил за цар.

6 октомври 1773 година: Роден е францускиот крал Луј Филип, наречен „Кралот граѓанин“ кој владеел од 1830 до 1848 година. Отстранет бил од престолот во Февруарската револуција во 1848 година кога била прогласена републиката, а умрел во 1850 година.

1887

Роден е францускиот архитект и теоретичар од швајцарско потекло Шарл Едуар Жанре, познат како Ле Корбизие, еден од најголемите архитекти на 20. век.

1891

Умрел ирскиот политички водач и национален борец за автономија Чарлс Стјуарт Парнел, кој внесол нови методи во борбата против Англичаните. Во 1875 година станал член на британскиот парламент каде ги започнал опструкциите во законодавното тело со истовремена блокада на теренот. Во 1881 година иако бил затворен управувал со борбата на ирските националисти.

1903

Роден е ирскиот физичар Ернест Томас Синтон Волтон, еден од пионерите на нуклеарната физика. Во 1929 година заедно со Џон Даглас Кокрофт го развиле првиот атомски акцелератор, а во 1951 година ја поделиле Нобеловата награда за физика.

1908

Австроунгарија го објавила декретот за анексија на Босна и Херцеговина. Со потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор во 1878 година Турција и признала автономија на Босна и Херцеговина, но на конгресот во Берлин биле ревидирани одредбите на овој договор. Така, со член 25 на Австроунгарија и било одобрено правото да ја заземе и да управува со Босна и Херцеговина. Оваа одлука предизвикала голем отпор кај босанско-херцеговското население и дури по четири месеци борби, во кои учествувале 200.000 австриски војници, овој отпор бил скршен. Сепак народот никогаш не се помирил со анексијата која во 1914 година довела до почетокот на Првата светска војна.

6 октомври 1914 година: Роден е норвешкиот етнолог и истражувач Тор Хејердал, кој во 1947 година ја предводел шестчлената експедиција „Кон-Тики“, пловејќи со сплав околу 9.000 километри помеѓу Перу и пацифистичките острови Туамату близи Тахити.

1927

Во филмот „Џез пејач“ со актерката Ал Џонсон, кој премиерно бил прикажан во Њујорк, првпат се слушнал глас на актер, со што бил означен почетокот на ерата на звучниот филм.

6 октомври 1973 година: Со заедничкиот напад на Египет и Сирија врз израелските позиции на источниот брег на Суец и на Голанската висорамнина избила „Јом Кипур“ војната, четврта по судирот на Израел со Арапите. Војната завршила на 22 октомври со резолуција на Советот за безбедност при Обединетите нации.
6 октомври 1981 година: Во Каиро, за време на воената парада бил убиен египетскиот претседател Анвар ел Садат.
6 октомври 1989 година: Умира американската актерка Бет Дејвис. Снимила повеќе од 80 филмови и остварила голем број драмски улоги, главно играјќи несреќни и зли жени. Филмови: „Опасна“ (Оскар), „Џезабел“ (Оскар), „Мали лисици“, „Елизабета и Есекс“, „Хуарез“, „Што се случи со Беби Џејн“, „Се за Ева“, „Свадбен ручек“.

2010

Основан е Инстаграм.

НАЈНОВО

Ковачевски: Кандидатот на проевропскиот блок ќе стане претседател и проевропската коалиција ќе прави влада идната година

September 27, 2023

Нов вид силна синтетичка дрога и се заканува на Европа

September 27, 2023
Колони бегалци од Нагорно-Карабах, септември 2023

Нагорно-Карабах: Голем број загинати и повеќе од 300 повредени цивили во експлозија во складиште за гориво, расте бројот на бегалци

September 27, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Груевски како полуден генерал, ги расцепи Мицкоски и Николоски како детелинка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија следната година ќе ја намали помошта за бегалците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајден предупредува дека милиони ќе гладуваат ако владата се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk