Откако вчера професорката Тања Каракамишева на нејзиниот Фејсбук профил, објави фалсификувана членска книшка од СДСМ со името на Митко Јанчев, со демант се јави градоначалникот на Кавадарци и во изјава за Фокус, ја разобличи лагата посочуваќи дека датумот на раѓање е погрешен, а и серискиот број на книшката е идентичен со оној на фалсификатот на книшката на Катица Јанева. Инаку, речиси истата книшка, односно истата фотографија од книшката, само со различни податоци, пред извесно време на социјалните мрежи беше лиферувана за Катица Јанева.
После најавената тужба на Јанчев за фалсификат и клевета, Каракамишева на нејзината Фејсбук стран напиша нешто што треба да личи на извинување.
Каракамишева, покрај другото во „извинувањето“ напиша: „Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка.“
Дали ова може да се земе за доблесно извинување на професор на Правен факултет, проценете сами:
„Утринава ме “бомбардираа” вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка.
Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест.
Галиба ќе треба да ги тужи сите на твитер!
Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка.
Со оглед дека сум професионалец и пред се, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата.“, напиша Каракамишева на нејзината фејсбук страна.“
Ј.Ѓ