Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев ќе ја тужи професорката Тања Каракамишева за фалсификат и клевета, доколку таа не му се извини јавно, пренесува Фокус. Каракамишева пак, вчера објави дека таа фотографија со членска книшка е јавно објавена на Твитер и дека таа не направила никаков прекршок.
„Фотографијата која излезе денеска во јавноста со наводна моја членска книшка е тотален фалсификат. Мојот датум на раѓање е 01.11.1981 година,што е прв показател дека тоа е лажна фотографија. Поради овие невистиним барам јавно извинување во спротивно ќе постапам согласно законот“, објави Јанчев.
Јанчев реагираше, откако професорката Каракамишева, на својот Фејсбук профил објави фотографија од членска книшка од СДСМ на име Митко Јанчев, издадена во 2004 година, а под неа напиша: Кога партиите се хоби и строгонаменски бизнис.
Јанчев пред два дена се огласи и со обраќање до јавноста во врска со неговото интервју за порталот Фактор. Го пренесуваме во целост:
„Почитувани,
Имам обврска да Ви се обратам вам како новинари, но и на целата јавност.
Многу е погрешно да се изнесуваат во јавноста невистинити и погрешни информации. Доколку би го погледнале целото интервју, зборовите кажани во овој наслов нема да ги слушнеме.
Веќе долго време мојот став е дека не се согласувам со дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, тоа не значи дека мојата партија не чини. Ова е уште еден неуспешен обид, да се стави сенка на мојата личност и моето успешно работење како градоначалник, од страна на оние со кои не делиме исти ставови.