ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ: Неприфатлив однос на Бугарија кон Северна Македонија

ЦИВИЛ остро реагира на најновите опструкции што Бугарија ги прави во самиот фото-финиш на процесот во кој Северна Македонија очекува датум за преговори за членство во ЕУ. Навистина, Бугарија не вели дека ќе каже не за почетокот на преговорите, но секако поставува услови што се однесуваат на приемот во Унијата. Го пренесуваме соопштението во целост.

October 10, 2019 15:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Бојко Борисов

Бојко Борисов

Share on FacebookShare on Twitter

Новите услови кои Бугарија и ги постави на Северна Македонија, на само пет дена пред почетокот на Самитот на ЕУ се крајно тенденциозни и претставуваат закана за земјата пред добивањето датум за преговори. Иако Бугарија се повикува на Договорот за добрососедство, чие исполнување е еден од условите за влез на Македонија во Европската Унија, со ваквите постапки ја доведува во прашање подготвеноста за соработка меѓу двете земји.

Неприфатливо е земја како Бугарија, која во Договорот се обврзува да работи на европската и евроатлантската интеграција насочена кон успешна подготовка на Република Северна Македонија за нејзино пристапување кон Европската Унија и НАТО, но и да работи на зајакнување на разбирањето, мирот и стабилноста во регионот, да поставува заканувачки ултиматуми, од позиција на земја членка на Унијата.

ЦИВИЛ потсетува дека во член 11 од Договорот за добрососедство и соработка, двете земји се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејствија насочени против другата земја, кои имаат непријателски карактер. Исто така, потсетува ЦИВИЛ, според истиот член, секоја од договорените страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, што значи дека Бугарија е свесна за постоењето на македонското малцинство на нејзината територија. Оттука, инсистирањето за бришење на македонското малцинство во Бугарија, како и непризнавањето на македонскиот јазик, значи непридржување и непочитување на Договорот од страна на Бугарија. Истиот договор, чие исполнување е еден од условите кои Бугарија ѝ ги постави на Македонија.

Факт е дека отворените прашања мора да се расчистат во име на добрососедските односи и стабилноста во регионот. Но со задирањето на Бугарија во македонскиот јазик, историја и идентитет, како услов за влез во Европската Унија, не оставаат простор за компромис.

Решавањето на овие прашања е можно единствено преку дијалог и соочување, како со минатото, така и со сегашноста, а не со поставување на заканувачки ултиматуми, кои не одат во прилог на ниту една од двете земји.

ЦИВИЛ го осудува ваквото однесување на Бугарија, кое не е одлика на земја членка на ЕУ, и на земја која претендира да поддржува позитивен развој на добрососедските односи, а истовремено да ги минира.

ЦИВИЛ ја повикува Владата на Република Северна Македонија, како и сите останати политички и општествени чинители, на оваа нова пречка во интеграциите, да ѝ пристапат рационално, аргументирано, и во најбрз можен рок да ја известат јавноста за следните чекори по ова прашање.

 

Next Post

Хан: Бугарија да не го користи пристапниот процес за билатерални спорови

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk