fbpx
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • АКЦЕНТИ
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Ременски не чувствува вина за случајот „Рекет“

Воопшто не сум му лута на лидерот Заев, вели таа и додава дека во погрешен контекст била пренесена неговата изјава

October 10, 2019 13:47
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Фросина Ременски откако даде исказ во Кривичниот суд пред судија на претходна постапка за случајот „Рекет“ во изјава за медиумите рече дека не чувствува вина и оти очекува Обвинителството да го докаже тоа што и го става на товар. Се додека не биде докажана вина со правосилно судско решение, вели, таа е невина.

-Сакам да направам разграничување помеѓу случајот „Рекет“ воден против тројцата осомничени и за случајот за кој обвинителството највува истрага во однос на делување на Меѓународниот сојуз, рече Ременски на излегување од Судот.

Таа додаде дека се побарани мерки за неа и оти очекуваат одлука.

Во врска со вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев дека ако некое лице биде осомничено, обвинето или слично, ќе биде времено отстрането од партијата, Ременски истакна дека ќе ја почитува секоја одлука.

Воопшто не сум му лута на лидерот Заев, вели таа и додава дека во погрешен контекст била пренесена неговата изјава.

Претходно, Ременски во Кривичниот суд се произнесе пред судија на претходна постапка во врска со случајот „Рекет“.

Во Судот денеска треба да се јават уште неколку лица осомничени во проширената постапка за овој случај.

Случајот „Рекет“ доби нов тек откако истрагата се прошири на уште четири лица, а синоќа на потпретседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, по приведувањето во Кривичниот суд, и беше одреден куќен притвор. Мандиќ се сомничи за измама и перење пари во проширената истрага за овој случај.

Обвинителката Вилма Рускоска, која е надлежна за овој случај, синоќа изјави дека кај тројцата осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес.

Се очекува денеска да биде поднесено и обвинението за првиот дел од истрагата. Русоска, синоќа изјави дека има „битни докази“ за обвинението. Таа посочи и дека еден од осомничените побарал спогодба за првиот дел од истрагата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот, се подвлекува во соопштението, присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Во „Рекет“ првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13 за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело. Второосомничен, за трговија со влијание, е Зоран Милески-Кичеец, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева е третоосомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јовановски и Јанева се во притвор во КПУ Затвор Скопје, а Милевски е во домашен притвор.

Јовановски требаше да даде исказ во Обвинителството, но му се слоши и со брза помош беше однесен во болница, а потоа вратен во притвор.

Исказ во Обвинителството нема да дава ниту Катица Јанева. Нејзината адвокатка Ирена Фрчковска за МИА потврди дека таа во оваа фаза нема да дава исказ, но ќе го задржи правото во однос на предлагање сведоци и докази понатаму во постапката.

Извор: МИА

НАЈНОВО

Ковачевски: Кандидатот на проевропскиот блок ќе стане претседател и проевропската коалиција ќе прави влада идната година

September 27, 2023

Нов вид силна синтетичка дрога и се заканува на Европа

September 27, 2023
Колони бегалци од Нагорно-Карабах, септември 2023

Нагорно-Карабах: Голем број загинати и повеќе од 300 повредени цивили во експлозија во складиште за гориво, расте бројот на бегалци

September 27, 2023

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа: РИБАРО

    Николоски го загубил УСБ-то, паразитот од Градски стадион главен осомничен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕК усвои мерки за ограничување на употребата на микропластиката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јовановиќ: Груевски како полуден генерал, ги расцепи Мицкоски и Николоски како детелинка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Германија следната година ќе ја намали помошта за бегалците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајден предупредува дека милиони ќе гладуваат ако владата се блокира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МОЗАИК
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk