ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Нема друга алтернатива за државата од датум за преговори за влез во ЕУ

October 11, 2019 13:36
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска престојува во официјална посета на Република Австрија. Со највисоки државни и воени почести Пендаровски во Виена беше примен од сојузниот претседател Александер Ван дер Белен, со кого оствари и билатерална средба.

Пендаровски на средбата истакна дека посетата во пресрет на одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави е уште еден показател дека Северна Македонија и Австрија се пријателски и партнерски земји.

Двајцата претседатели разговараа и за одлуката којашто Северна Македонија ја очекува од Европскиот совет за почеток на претпристапните преговори за членство на земјата во ЕУ. Пендаровски истакна дека позитивна одлука би била заслужено признание за досегашната улога на Северна Македонија, како во креирањето на добрососедската политика во Југоисточна Европа, така и во европските интегративни процеси во кои нашата држава несебично дава свој придонес.

„Граѓаните на Северна Македонија оваа недела го очекуваат датумот за почеток на претпристапните преговори“, рече Пендаровски на средбата со претседателот Ван дер Белен, потенцирајќи дека за државата  не постои друга алтернатива.

Ван дер Белен, реафирмирајќи ја австриската поддршка во  евроинтеграциски процеси н РСМ, истакна дека Северна Македонија заслужува да добие датум за почеток на претпристапните преговори.

Во рамки на официјалната посета на Република Австрија, Пендаровски треба да оствари средби и со сојузната канцеларка, Бригит Биерлејн и со претседателот на Националниот совет на Сојузното собрание на Република Австрија, Волфганг Соботка.

 

Next Post

Заев: Времената суспензија на Ременски и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk