ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Царовска: Сите 27 деца од Мајчин дом Битола се преселени во топол дом

Со последите пет мали групни домови во Битола во Северна Македонија се отворени вкупно 17 групни домови

October 14, 2019 20:52
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вицепремиерката Радмила Шекеринска и градоначалничката на Битола Наташа Петровска, денеска посетија уште три од вкупно петте групни домови во кои се сместени деинституционализирани деца до три годишна возраст од Мајчин дом во Битола.

-Со отворањето на овие пет групни домови во Битола пред десетина дена, ниту едно дете до три годишна возраст повеќе не живее во институциите во Северна Македонија, а ние како Министерство со своите партнери го започнавме процесот на целосна трансформација на „Мајчин дом“ и сите 27 деца се веќе преселени во објекти кои наликуваат на топол семеен дом. Со ова, покажавме дека кога нешто се работи со посветеност успешно завршува. Процесот на вадење на сите деца од институциите ќе го завршиме една година порано од предвидениот рок. Во 2017 кога го почнавме процесот имавме 180 деца во институции. Сега ни останаа само уште 11 деца постари од три години и тие до крајот на годината ќе бидат згрижени во топол дом. Грижата за децата продолжува со многу поголема посветеност и љубов,  изјави министерката Царовска при денешната посета во Битола.

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска, истакна дека со процесот на трансформација еден дел од Домот ќе се пренамени во детска градинка со капацитет за 80 деца.

Домот во Битола не се затвора, се трансформира во давател на нови, современи социјални услуги. На почетокот од 2020 година ќе започне да функционира регионален Центар за поддршка на згрижувачките семејства, како и други услуги предвидени со Законот за социјална заштита.

Со последите пет мали групни домови во Битола во Северна Македонија се отворени вкупно 17 групни домови.

Извор: МИА

Next Post

Битола памти, не заборава

Shortcut

Најново

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk