пишува: РИБАРО
Година 2030, Франција нема да се согласи да отпочнат преговорите сѐ додека не се отстрани и последната казарница за ракија од Македонија и Албанија.
Година 2035. Да им се овозможи на затворениците од македонските затвори, викенд all inclusive во Ница Франција, два пати месечно, инаку нема датум. За Албанија условот е бункерите да се пренаменат во игла и да се прифатат ескимските „климатски“ избеглици
Година 2039. Славејчињата од цела Македонија да ја усогласат својата песна во 2/3 такт, инаку нема преговори.
Година 2043. Секое новородено дете во Македонија, да ја пее Марсељезата на изуст до наполнети 1 година и 6 месеци.
Година 2044. Македонија и Албанија се откажуваат од членство во ЕУ.
…
Година 2060. Пола Франција под вода. Климатските промени се зкануваат со целосно проголтување на француското копно. Франција преговара со Албанија и Македонија за прием на своето население, под било какви услови.
Година 2061. Македонскиот и Албанскиот парламент на заедничка седница, одлучуваат за барањата од Франција.
Година 2062. Албанија и Македонија ја условуваат голема преселба на францускиот народ на својата територија. Единствен услов е да го признаат албансо-македонското потекло нa Астерикс и Обелиск, Едит Пјаф и Мишел Платини.
Есента 2066 година, преполовената Франција се согласува на условите.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK