Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за финансирање и буџет.
Како што се наведува на веб страницата на Собранието, тема на НСЕИ се очекувањата и перспективите во процесот на пристапување во ЕУ.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог законот за изменување на Законот за данок на добивка, по скратена постапка, во второ читање, поднесен од пратениците Диме Велковски, Чедомир Саздовски и Мирослав Јовановиќ.
Извор: МИА