ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Франција не е против нас, очекувам одлука за преговори

Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петнаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион.

October 14, 2019 12:43
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев останува оптимист за добивање позитивна одлука од Европскиот совет за датум за преговори и верува дека на 17 и 18 октомври ќе има конечен одговор.

– Останувам оптимист заради тоа што ги имаме сите аргументи на светот да добиеме позитивна одлука од Европскиот совет. Не сакам ни да размислувам дали ќе добиеме датум. Петнаесет години чекавме, донесовме крупни одлуки, реформи, договорите се 100 отсто извршени, навистина сме пример за целиот регион. ЕУ не смее да си дозволи да го казни најдобриот на европскиот континенет затоа што тоа е важно за ЕУ, за регионот, за следно мотивирање на лидерите кои треба да наоѓат решенија и да ги реформираат своите општества. Мислам дека чекориме во вистински правец и дека со одлуките на ЕУ ќе се потврдат нашите очекувања, изјави Заев, одговорајќи на новинарски прашања по денешната конференција по повод Меѓународниот ден за борба против сиромаштијата.

Коментирајќи ја синоќешната средба на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, Заев рече дека верува оти ќе има заеднички заклучок и оти ќе преовлада одговорноста од страна на Европската унија пред Европскиот совет да биде донесена долгоочекуваната одлука за почеток на преговори.

– Секако, се работи само за двајца лидери кои се од сите 28 земји членки. Утре почнуваат состаноците на Советот на министри и ќе ги знаеме поконкретно чекорите, но верувам дека на 17 и 18 ќе бидат донесени конкретните одлуки за нас, кажа премиерот.

За ставот на Франција, Заев вели дека Париз не е против нас, туку има многу легитимна намера да вгради нова методологија.

– Тоа ќе даде можност сите капацитети да се движат уште посеризно и посилно со ревезрибилна метода – ако не успеат да ги враќа назад. На пример ако третото поглавје е слобода на медиумите, ако успеете да го затворите во првата година или две, а преговорајќи во третата или четвртата ја нарушите слободата на медиумите, да ве враќа назад. Тоа значи дека земјите кои преговараат треба да имаат одржливи постигнати поглавја, заокружени политики, кои ќе значат трајни трансформации на општествата. Тоа е дебатата што се води. Таа може и натаму да се води и да се унапредува методолошки, а ние да ги отвориме поглавјата и да преговараме. Од тука ги црпам моите позоитивни очекувања зашто едното со другото не се спротивставени и можат да бидат само комплементарни, истакна Заев.

Прашан за законот за ЈО за кој се уште нема договор со опозицијата, Заев смета дека неговото недонесување нема да влијае на одлуката на Европскиот совет за преговори.

Извор: МИА

Next Post

Анѓушев: Наш таргет не се инвеститори кои бараат евтина работна сила, туку компании со повисок степен на технолошки развој

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk