Дел од обраќањето на Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.
– Ќе го завршам овој апел во името на граѓаните – во името на 90% од македонските граѓани кои веруваат во европскиот проект. Навистина мислам дека во време кога европскиот проект се соочува со повеќе предизвици, добро е за Европа да знае дека сè уште делува како светилник и дека сè уште поттикнува храбри политички одлуки и напредок. Така ќе може и да ја потврди „меката моќ“ што ја има во регионот.
На крај, апелирам до Советот на ЕУ и до земјите членки, да донесат позитивна одлука, затоа што тоа е исправната работа.