ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

УЈП со кривични за Боки 13, БМЈ Груп и Томато за даночно затајување од 325 илјади евра

Пред УЈП се појавило и лице кое се претставило како нов сопственик на телевизијата и имал намера да ги врати сите долгови. Но ваквата промена, велат од УЈП, не била заверена на нотар ниту била запишан во Централниот регистар.

October 16, 2019 09:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Боки 13 или Бојан Јовановски, првоосомничениот  вослучајот „Рекет“ и неговиот татко Миле Јовановски, ќе добијат кривична пријава од УЈП (Управа за јавни приходи) за затајување на данок, пренесе ТВ24.

Даночните инспектори ќе поднесат и кривична пријава за Јасна Мандиќ, потпретседателка на невладината Меѓународен сојуз, БМЈ Медиа Груп, фирма сопственик на 1ТВ.

Кривична ќе добие и Томато продукција во чии простории работеше телевизијата.

УЈП ги товари за даночно затајување на над 20 милиони денари или околу 325 илјади евра.

Како што информираа од Упрвата на брифинг со новинарите, даночниците го посетиле Бојан Јовановски во Шутка, но тој одбил да ги потпише нивните наоди, со образложение дека дал оставка во Меѓународниот сојуз.

Пред УЈП се појавило и лице кое се претставило како нов сопственик на телевизијата и имал намера да ги врати сите долгови. Но ваквата промена, велат од УЈП, не била заверена на нотар ниту била запишан во Централниот регистар.

Додека Јовановски е во притвор неговата телевизија му продала трпезариски маси, кујни, телевизори, фотљи и друга опрема, која се уште не е платена. Телевизијата плаќала за хотели и авионски билети и скапи подароци за лица кои не биле вработени таму. Но сепак овие наоди не се доволни за поднесување кривична пријава за телевизијата, велат од УЈП.

Таткото на Бојан Јовановски добил позјамица од БМЈ медија груп во милионски суми, кои никогаш не ги вратил, а фирмата ги избришала од евиденција.

Јасна Мандиќ добила дивиденда, исто така во милиони денари од 1ТВ. Намерата за неприкажување на приходи, а со тоа и помалку пари за даноци била констатирана кај сите фирми, но и кај физичките лица.

Парите од договорите склучени меѓу Сојузот со „Дрим Билдинг“ и „Пелистер“ за изградба на старечки домови биле префрлени кај Јасна Мандиќ и кај пензионерката Лилјана Тодоровска. Но даночниците не го нашле ниту проектот, ниту основот по кој парите легнале кај нив. Според банкарските трансакции, многу малку пари влегле на сметката на Сојузот, а невладината немала ниту сметководител.

– „Томато продукција“ се товари за неплатен ДДВ и персонален данок при изградба на студијата што ги користеше 1ТВ, како и за прикажување на помали приходи во нивната работа. Наодите кај оваа продукција немаат никаква поврзаност со случајот Рекет и шемата на Бојан Јовановски.

Од УЈП велат дека истрагата продолжува и кон друга компанија, која на некој начин била поврзана со Бојан Јовановски, но засега не се откриваат детали.

Извор: ТВ24

Next Post

Демостранти од Хонг Конг, запалија дрес на Леброн Џејмс

Shortcut

Најново

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk