ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Прва конвенција за вселенската индустрија во регионот на ЈИЕ во Скопје

Настанот е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, во соработка со партнери од некои од најголемите вселенски агенции, како што е Брус Питман, главен стратег во НАСА, кој е одговорен за соработка со приватниот сектор. Форумот вклучува три главни содржини: Хакатон за студенти од 18 до 20 октомври и Конференција и Саем за индустрија од 21 до 23 октомври

October 18, 2019 13:52
in TECH FRONT
Share on FacebookShare on Twitter

Скопје од денеска до 23 октомври 2019, ќе биде домаќин на првата Конвенција за вселенска индустрија во регионот на Југоисточна Европа, на која учествуваат компании од Западна Европа, САД и Азија, известува МИА.

Настанот е во организација на ЊуМенс Бизнис Акцелератор, во соработка со партнери од некои од најголемите вселенски агенции, како што е Брус Питман, главен стратег во НАСА, кој е одговорен за соработка со приватниот сектор. Форумот вклучува три главни содржини: Хакатон за студенти од 18 до 20 октомври и Конференција и Саем за индустрија од 21 до 23 октомври.

Над 30 претставници на компании од САД, Канада, Западна Европа (Холандија, Франција, Германија, Италија, Унгарија, Австрија) и Азија (Јужна Кореја и Хонг Конг), кои се добавувачи на вселенската индустрија, ќе се сретнат во Скопје со компании од македонската индустрија, со цел да презентираат на кој начин компаниите од реалниот сектор и од помалите земји можат да се вклучат во оваа високопрофитабилна индустрија, како и да идентификуваат потенцијални партнери и соработници, и да се запознаат со капацитетот на домашните таленти.

Меѓу учесниците на Конвенцијата се претставници на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА), Планет, Ербас Дефенс енд Спејс, Азимут Спејс, Талес, Сапиенца Консалтинг, Течјон Аероспејс, Контек, Скај Лабс и други.

Конференцискиот дел од Конвенцијата, како и Саемот за индустрија ќе се случуваат од
21 до 23 октомври во хотелот Александар Палас и се наменети за компании од индустриите за информациски и комуникациски технологии, автоматика, роботика, паметни материјали, текстил, медицина, обновливи извори на енергија и агрономија.

Формално Конвенцијата започнува денеска со хакатон за млади
таленти насловена НАСА Спејс Апс Челинџ, што ќе трае до недела и на кој учесниците ќе решаваат глобални проблеми со помош на нови технологии, а во кој како ментори и судии ќе се вклучат и дел од експертите гости од странство, како и бројни домашни експерти од Нетцетера, Веб Фактори, Оне Инсајд, Симфони Солушн, Природно Научниот Музеј и други.

Поддржувачи и партнери на настанот се Амбасадите на САД, Холандија и Франција, ЕЛЕМ, Нуклеус, Фх3х, Нетцетера, ФИТР, НЛБ, МАСИТ, Општина Карпош, меѓународното училиште НОВА и Тиквеш.

Next Post

Ципрас: Европските вредности понекогаш се посилни на Балканот отколку во Брисел

Shortcut

Најново

Фото: Frontline PRESS

ЕУ легислатива за побезбедна и потранспарентна вештачка интелигенција

August 3, 2026

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk