ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Истрага за импичмент на Трамп, Министерството за енергетика на САД одбива да предаде документи

Голем дел од бараните материјали се доверливи пораки на лица од извршната власт кои се заштитени со привилигии на власта, се вели во синоќешното писмо на Мелиса Бурнисон, претставник на Министерството, до раководителите на комисиите во Претставничкиот дом кои ја водат истрагата

October 19, 2019 10:26
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за енергетика на САД одбива да предаде документи на Конгресот што се бараат во рамките на процедурата за импичмент на претседателот Дoналд Трамп, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Голем дел од бараните материјали се доверливи пораки на лица од извршната власт кои се заштитени со привилигии на власта, се вели во синоќешното писмо на Мелиса Бурнисон, претставник на Министерството, до раководителите на комисиите во Претставничкиот дом кои ја водат истрагата.

– Во моментов Министерството не може да го оствари вашето барање за испраќање докумети и комуникации, се вели во писмото.

Така, министерот за енергетика на САД Рик Пери е последно официјално лице кое одбива да предаде документи во рамки на истрагата за импичмент, истакнува „Политико“.

Претходно, повеќе американски медиуми објавија дека Пери ќе поднесе оставка. Трамп потоа изјави дека министерот за енергетика останува да го води Департментот до крајот на 2019 година.

Оставката на Пери се случува за време на започнатата процедура за импичмент на претседателот на САД. Во темелот на истрагата е јулскиот телефонски разговор на Трамп со претседателот на Украина, Володомир Зеленски. Во текот на разговорот Трамп настојува неговиот украински колега да започне истрага за активностите на Хантер Бајден во украинската енергетска компанија „Бурисма“. Хантер е син на поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, политички ривал на Трамп кој се бори за номинација за претседателски кандидат од демократите.

Подоцна Трамп соошти дека за нов министер за енергетика го номинира Ден Бруиет

Next Post

Политико: Лидерите на ЕУ лути поради противењето на Макрон за старт на преговорите

НАЈНОВО

Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

Хиларија Болдвин откри: Со Алек одиме на брачно советување поради големата разлика во години

November 14, 2025

Советот на Град Скопје го усвои ребалансот на Буџетот; Ѓорѓиевски – завршува периодот на застој и започнува нова фаза на стабилизација и развој

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk