ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Светска премиера на филмот „Врба“ од Манчевски во Рим

Филмот „Врба“ на Фестивалот во Рим се најде во официјалната програма меѓу  33  филмови од 25 земји во светот. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба.

October 20, 2019 12:12
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гала- премиера и со прошетка по црвениот килим, синоќа, во рамките на 14. издание на Филмскиот фестивал во Рим, премиерно беше прикажан најновиот  игран  филм „Врба“  на  режисерот Милчо Манчевски, пренесе МИА.

На премиерата, која се одржа во салата Петраси, во најголемиот јавен музички комплекс Паркот на музиката, присуствуваше и министерот за култура на Република Македонија, Хусни Исмаили.

За „Врба“,  првиот  фестивалски ден во Рим започна  со утринска проекција за новинарите, а потоа следуваше прес-конференција со режисерот Манчевски и со македонските актерки Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски.

Филмот „Врба“ на Фестивалот во Рим се најде во официјалната програма меѓу  33  филмови од 25 земји во светот. Најавувајќи ја програмата, уметничкиот директор на Фестивалот, Антонио Монда, го опиша филмот на Манчевски како „прекрасен“. Тој додаде дека годинава Фестивалот е во знакот на жената: елегантен и стамен, поими кои реферираат и на „Врба“, кој говори за мајчинство, љубов и доверба.

Инаку, Фестивалот беше отворен на 17 октомври со проекција на најновиот филм на актерот и режисер Едвард  Нортон, „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Филмскиот фестивал во Рим е голем културен настан каде што публиката има можност за директен разговор со најголемите режисери, актери и писатели. Исто така, паралелно со Фестивалот има и голем филмски маркет за пласман на филмовите и за склучување нови проекти.

„Врба“ е шестиот долгометражен филм на Милчо Манчевски. Во филмот игра млада актерска екипа: Никола Ристески, Сара Климоска, НаталијаТеодосиева, Ненад Нацев, Камка Тоциновски. Во другите улоги настапуваат: Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други. Музиката ја потпишува Кирил Џајковски, дизајнер на продукција е Дејвид Манс, директор на фотографија е Тамаш Добош, а продуцент на филмот е Јане Ќортошев. Филмот е во продукција на „Банана филм“ и е македонско-унгарско-белгиска копродукција, со учество и на Албанија.

Next Post

Азески: Подготвени сме да ги ставиме сите свои капацитети во процесот кон европските вредности

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk