ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА

Еко Герила: Општините често не постапуваат по пријавите на граѓаните за еколошка несовесност

Аријанит Џафери од Еко Герила објаснува дека повеќе пати се случува по добиена дојава за создавање на дива депонија тие да испратат барање да се расчисти сметот до инспекторите и до општините, но нема реакција од надлежните во локалните самоуправи.

October 22, 2019 13:05
in Uncategorized, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Сметот што со години се остава на локација близу селото Доброште ќе достигне до огромна дива депонија, ако не се преземат мерки за расчистување, алармираат од еколошкото здружение Еко Герила од Тетово. На најновите фотографии од местото кои ги објавуваат, може да се види комунален смет и градежен шут во шумски предел, пишува МИА.

„Согласно Законот за локална самоуправа, член 22, став (1) 4, општините се должни да транспортираат и преработуваат комунален цврст отпад, но тоа не го прават. За ова утрово биле контактирани Општина Теарце и нејзиниот градоначалник Исен Асани и следно е претставка до Инспекцискиот Совет на Република Северна Македонија и до Владата во Скопје, каде ќе бараме Општина Теарце и градоначалникот Асани да одговараат пред законот“, информираат од Еко Герила.

Аријанит Џафери од Еко Герила објаснува дека повеќе пати се случува по добиена дојава за создавање на дива депонија тие да испратат барање да се расчисти сметот до инспекторите и до општините, но нема реакција од надлежните во локалните самоуправи. Освен во најновиот случај со Доброште, вели дека често пати барале до Општина Тетово да постапува за одредени состојби.

„Се случува често, иако неколку пати е пријавен проблемот, да не биде решен. Потоа доколку по одреден временски период нема резултат се одлучуваме да се јавиме во Инспекцискиот совет. Таа установа е надлежна да утврди зошто на пример инспектор или општинска служба не постапила по пријавата на граѓаните“, објаснува Џафери.

Општина Тетово на својата интернет страница има подкатегорија Е-репорт каде граѓаните и директно можат да пријават несовесните однесувања на физички и правни лица кои со своите постапки ја загадуваат животната средина. Општинските еколошки инспектори ќе реагираат за секој случај пријавен од страна на граѓаните, кои мора да пополнат образец и да испратат фотографии од местото на настанот, се вели на интернет страницата.

На почетокот на октомври, градоначалниците од Полошкиот регион добија насоки од експерти како да се реализира првата фаза од долгорочниот план за справување со отпадот и формирање на регионална депонија Русино.

Планот опфаќа три фази во периодот 2019-2029, а во првата се предвидува формирање заедничко јавно претријатие како и брзи и итни мерки за подобрување на сегашниот статус на депонијата Русино.

Next Post

Сите европски групации го осудија неуспехот на последниот самит

НАЈНОВО

Скриншот

Експлозија со 54 повредени во Џакарта

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Бројот на жртви од пожарот во Тузла се искачи на 13

November 7, 2025

Намалени домашните летови во САД поради затворање на Владата

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk