ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фотографија од убиство во Полска објавена како масакр врз македонски деца

Фотографија на ниту еден начин не е поврзана со Македонија во ниту еден историски контекст и е употребена за дезинформирање на јавноста

October 23, 2019 12:39
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Фотографија искористена за статус на Фејсбук, која е крајно вознемирувачка за што и самиот Фејсбук предупредува пред да ја отворите, нема никаква врска ни со Бугари, ни со „грчиштана“, ни со ЕУ и НАТО, ниту со Албанците. Таа фотографија на ниту еден начин не е поврзана со Македонија во ниту еден историски контекст и е употребена за дезинформирање на јавноста, пишува Симона Атанасова на КриТинк.

Текстот на статусот на кој што е објавена фотографијата е полн со говор на омраза, со националистички и шовинистички ставови кои имаат за цел да предизвикаат бура од емоции кај оној којшто ќе го прочита, а фотографијата е закачена како илустрација од наводни македонски жртви за уште повеќе да се зајакне гневот кај оној којшто ја гледа објавата.

Со еден клик и пребарување на фотографијата на Гугл јасно се гледа дека станува збор за фотографија од Полска од 1923 година, од криминален случај во кој мајка си ги убила четирите деца и ги обесила на дрво. Мариана Долинска, која имала ментално заболување, одлучила дека единствениот начин да ги заштити своите деца од глад е да ги убие.

Но, тоа не го спречило некој да ја објави, да изнапише еден куп гнев и притоа да шири дезинформација и говор на омраза на Фејсбук. На прв поглед, кога ќе ја видат фотографијата и текстот во комплет, корисниците на Фејсбук помислуваат дека напишаното се однесува на сликата и дека тоа е вистина, а, всушност, е целосна лага и ги доведува читателите во заблуда. Постот има речиси 900 реакции, над сто коментари и 641 споделувања. Коментарите на самиот статус, но и на споделувања се главно негативни и полни со омраза што само потврдува дека на Фејсбук може да се сервира било каква дезинформација и таа да помине како вистина, а притоа да има голема видливост.

Вознемирувачката фотографија на мртвите деца повеќе пати досега била искористена како илустрација на жртви на масакрите врз Полјаците, наводно, извршени од украинската армија. Фотографијата е злоупотребена и од сајтот Донбас Инсајдер, од источниот дел на Украина кој се наоѓа под окупација на Русија. Во февруари годинава објавен е текст каде се тврди дека масакрот го направила УКА, национална борбена организација на Украинците од Втората светска војна.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Коѕијас: Владата на Грција го поткопува Договорот од Преспа

НАЈНОВО

Скриншот

Трамп бара од Врховниот суд потврда за овластувањата за воведување царини

September 4, 2025

Герасимовски: Еднократна парична помош за глувонемите во Центар

September 4, 2025
Скриншот

Конгресмените во САД бараат забрана за тргување со акции поради судир на интереси

September 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk