ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Кока-Кола, Нестле и Пепси најголеми загадувачи со пластика

Кока-Кола, Нестле и Пепси се на врвот на листата најголеми загадувачи со пластични амбалажи. Доброволците на коалицијата собраа скоро половина милион парчиња пластичен отпад во 51 земја на Светскиот ден за чистење, организиран пред еден месец. Вкупно 43 отсто од собраното ѓубре имало етикети на овие светски брендови

October 24, 2019 16:58
in ЗЕЛЕНА СТРАНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Производите на десетина мултинационални компании се главниот извор на пластичен отпад што ја поплавува Земјата, според вчерашниот извештај на неколку здруженија на активисти за почиста животна средина, пренесува МИА.

Листата е составена од глобалната коалиција „Ослободете се од пластиката“, во која се вклучени 1.475 организации и вкупно 6.118 лица од целиот свет, предводени од групацијата Гринпис.

Кока-Кола, Нестле и Пепси се на врвот на листата најголеми загадувачи со пластични амбалажи. Доброволците на коалицијата собраа скоро половина милион парчиња пластичен отпад во 51 земја на Светскиот ден за чистење, организиран пред еден месец. Вкупно 43 отсто од собраното ѓубре имало етикети на овие светски брендови.

„Во топ 10 листата загадувачи спаѓаат Монделез Интернационал, Унилевер, Марс, Пи енд џи, Колгејт-Палмолајв, Филип Морис и Перфети Ван Мил… Многумина од нив се обврзаа да ги направат своите производи поодржливи. Но, всушност тие во голема мерка уште го штитат застарениот бизнис-модел на еднократна употреба, поради што и се најдовме во оваа ситуација“, се вели во извештајот.

Компаниите генерално избегнуваат одговорност за отстранување на отпадот, посочуваат активистите за животна средина.

„Иако глобалните брендови на потрошувачи ја прифаќаат одговорноста за својот удел во светската еколошка криза, тие се подеднакво агресивни во промовирањето лажни решенија за проблемот“, предупредуваат екологистите.

Промовирањето на рециклирање е нивниот метод за префрлање на одговорноста кон потрошувачите, додаваат тие истакнувајќи дека само девет отсто од пластиката произведена од 1950-тите досега се рециклирала.

Промоцијата на Кока-Кола на пластични шишиња за една употреба, произведени од пластика собрана од океанот и промоцијата за рециклирање на Пепси „не ја одразуваат суштината на проблемот и поскоро гарантираат ескалација на кризата со пластичното загадување“, се истакнува во анализата.

Ваквата состојба е неприфатлива, додаваат економистите, заклучувајќи дека компаниите треба да се откажат од промовирање „лажни решенија“, како што се рециклирање и „биопластика“ и од економијата „заснована на фрлање ѓубре“.

Кина, Индонезија, Филипините, Виетнам и Шри Ланка се меѓу земјите што фрлаат најмногу пластика во океаните, но „вистинските генератори на значителен дел од тоа пластично загадување во Азија се всушност мултинационални корпорации со седиште во Европа и САД“, се додава во документот.

Next Post

Трамп и „пишман“ ѕидот до Колорадо

Shortcut

Најново

Полициска бруталност во Албанија: ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Енергетско „примирје“ на руски начин: Днипропетровск, октомври 2026 (ДСНС)

„Енергетското примирје“ на руски начин: Домови, трговски центри и електрани во пламен – теророт продолжува

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk