ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Јавна трибина за аерозагадувањето во Скопје и инспекцискиот надзор

Трибината е во рамки на проектот „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“ имплементиран во Градот Скопје и четири пилот-општини (Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба), а поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање

October 29, 2019 10:35
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавна трибина за аерозагадувањето и инспекцискиот надзор над загадувачите во Скопје ќе биде одржана денеска во Општина Аеродором во органзиација на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Зелен институт”, пренесува МИА.

Трибината е во рамки на проектот „Платформа за координација и граѓанско учество во инспекциски надзор врз загадувачите на воздухот“ имплементиран во Градот Скопје и четири пилот-општини (Карпош, Центар, Аеродром и Гази Баба), а поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Организаторите истакнуваат дека аерозагадувањето во Скопје е на високо ниво и неопходно е да се прошири обемот на досега спроведените мерки, а особено во однос на инспекторирање на индустриските загадувачи. Предлагаат повеќе мерки, меѓу кои и подигање на капацитетите и координацијата на инспекторите за животна средина во Градот Скопје и општините и вклучување на граѓаните во инспекцијата на изворите на аерозагадувањето од индустријата.

Во проектните активности спаѓа и обука на инспекторите за животна средина од сите скопски општини, заедно со оние од Градот Скопје, за покоординирано и поефикасно работење. Предвидено е во секоја од општините и во Градот Скопје да се одржат панели со различни општествени актери кои можат да влијаат врз квалитетот на воздухот (инспектори за животна средина, советници, градоначалници, граѓански активисти, претставници од изворите на загадување, медиуми и др.), за да се изнајдат начини за намалување на загадувањето.

Искуствата од овој проект ќе можат да се применат и во други општини, со крајна цел – максимална мобилизација на целото општество во борбата со опасното загадување на воздухот и заштита на животот и здравјето на граѓаните, велат од „Зелен институт”.

Next Post

Модна ревија „Made in North Macedonia: Модни куќи“

Shortcut

Најново

ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

November 15, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Ј. Ѓорѓиоски

    Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk