ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Грчки искуства со лажните вести: Демократијата бара информирани и медиумски писмени граѓани

Мариа Козаку, новинар во радиосервисот на грчката државна ЕРТ и главен уредник во Институтот за медиумска писменост (МЛИ) говори за грчките искуства во справување со лажните вести. За неа, вели медиумската писменост е всушност медиумска едукација за новинарите и граѓаните и претставува најмоќната алатка во борбата против дезинформациите и лажните вести

October 30, 2019 11:54
in МЕДИУМИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ
949493748

949493748

Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести денес се оценуваат за глобален предизвик на современите демократски општества, а медиумската писменост за темел во справувањето со овој феномен кој подразбура поседување вештини потребни за да се оценат вестите, да се разобличи пропагандата, да се препознае рекламирањето, или соодветно да се реагира на содржините со говор на омраза.

Мариа Козаку, новинар во радиосервисот на грчката државна ЕРТ и главен уредник во Институтот за медиумска писменост (МЛИ) говори за грчките искуства во справување со лажните вести. За неа, вели медиумската писменост е всушност медиумска едукација за новинарите и граѓаните и претставува најмоќната алатка во борбата против дезинформациите и лажните вести.

Таа посочува дека во 2017 година во Грција со закон е формиран Институтот за медиумска писменост (МЛИ) како непрофитна организација. Негова цел е да промовира и да дисеминира концепт на медиумска и информациска писменост во Грција, Европа и пошироко.

– Медиумската и информациска писменост има за цел критичка перцепција, користење и креирање знаење и информции на кој било традиционален или модерен комуникациски медиум и бара усвојување когнитивни, функционални, технички и комуникациски вештини како и капацитет за користење модерни средства на комуникција. МЛИ ја поддржува идејата дека демократијата бара добро информирани граѓани и дека медиумската и информативна писменост е меѓу најважните начини за борба против пристрасното известување и говорот на омраза во онлајн просторот, за промоција на фундаменталните права на граѓаните да бидат свесни кога се во интеракција со медиумите, да научат како да ги вкрстуваат изворите, да развијат вештини на истражување кога истражуваат извори, креатори и цели на одредени содржини така што читателите да можат да разликуваат веродостојни информации од лажни вести, индивидуални мислења, предрасуди или пропаганда, вели Козаку.

Во МЛИ се ангажирани професионални новинари и истржувачи на полето на комуникациите. Имаат за цел да партиципираат во политичкото, социјалното и културното напредување на нивната земја, како и на соседите, користејќи ги алатките во контекст на професијата.

– Сметаме дека информациите, комукацијата генерално и особено мас-медиумите се критични двигатели за поддршка на основните принципи на демократските процедури и ние се залагаме за правото на универзален пристап до сигурни информации, нагласува Козаку.

Работилницата на која учествувавме во Солун, посочува таа, потврди без каков било сомнеж дека Северна Македонија и Грција имаат итна потреба од долгорочна соработка на повеќе нивоа, со цел да се справат со бројни инциденти на лажни вести, како и на лажни истории што го стигматизираат прекуграничното медиумско покривање на двете земји.

– Новинарите можат да ја зајакнат довербата меѓу двата народа преку хуманизирање на медиумското покривање и со обелоденување на сите видови дезинформации за билатералните прашања, подвлекува Козаку.

Марија Козаку беше дел од Семинарот кој што на крајот од јуни во Солун го организираа амбасадите на САД во Северна Македонија и во Грција, Центарот за глобално поврзување на Стејт департментот, Американската агенција за глобални медиуми и Центарот за европски перспективи. Фокусот на дводнeвната работилница со учество на 35 новинари од Северна Македонија и од Грција беа предизвиците од ширење дезинформации и соработката за справување со нив.

извор: НоваТВ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

„Стоп на извршителите“ повикува на масовна средба за закажување на протест

НАЈНОВО

ДИК: Излезеноста на локалните избори до 17:00 часот е 39,61 отсто

October 19, 2025
Скриншот

Нетанјаху и шефовите на безбедноста на итен состанок за Газа

October 19, 2025
Фото: Скриншот

Доналд Трамп го нарече колумбискиот претседател „шверцер на дрога“ и најави намалување на помошта

October 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новини од вештачката интелигенција: сегашност, предизвици и иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кралот Чарлс му ја одзеде титулата на принц Ендру: Што значи тоа за неговото семејство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и раката на Москва на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk