Штипскиот Основен суд донесе пресудата против 69-годишниот Богдан Митевски, кој лани во ноември на пешачки премин пред Регионалното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ на булеварот „Гоце Делчев“ го прегази 15 годишниот Мустафа Седат, пренсе ТВ Стар.
Пет години и шест месеци е казната затвор за Митевски, кој на судењето пред пет члениот кривичен совет ја признал вината.
Сообраќајната несреќа на булеварот „Гоце Делчев“ се случи лани на деветти ноември, кога Митевски со своето возило движејќи се со брзина од 84 километри на час не застанал на пешачкиот премин, по кој се движел Мустафа, со група на ученици.
Десет дена подоцна момчето им подлегна на тешките повреди. По овој случај се организираа протести од страна на родителите и учениците барајќи да се зголеми безбедноста на пешаците на булеварот, пренeсува Тв Стар.