ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Блиску сме до решение со СОНК, следната недела планирано Владата да го донесе буџетот за 2020 година

– Намерата е Владата идната недела да го усвои. Не знам дали вторник, четврток, петок, ако сè биде готово да го усвоиме. Знам дека до денеска е рокот Министерството за финансии да го достави до Владата и сега следуваат тие денови на дискусија на Владата. Идната недела верувам дека Владата ќе го усвои предлог-буџетот и ќе го пушти до Собранието да почнат да течат дваесте дена, па Собранието согласно нивните рокови ќе ја почне постапката, рече Заев.

November 1, 2019 13:21
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, денеска наведе дека Владата има намера следната недела да го усвои буџетот за 2020 година и истакна дека е многу блиску до постигнување на решение со СОНК и министерот за образование Арбер Адеми за покачување на платите во образованието, пренесе МИА.

На денешниот увид во отпочнувањето на градежните работи на патот од село Бутел до село Љуботен, одговарајќи на новинарско прашање во врска со буџетот за следната година, премиерот посочи дека Министерството за финансии преговара за буџетот со сите други буџетски корисници.

– Намерата е Владата идната недела да го усвои. Не знам дали вторник, четврток, петок, ако сè биде готово да го усвоиме. Знам дека до денеска е рокот Министерството за финансии да го достави до Владата и сега следуваат тие денови на дискусија на Владата. Идната недела верувам дека Владата ќе го усвои предлог-буџетот и ќе го пушти до Собранието да почнат да течат дваесте дена, па Собранието согласно нивните рокови ќе ја почне постапката, рече Заев.

Тој наведе дека денеска ќе оствари средба со СОНК и министерот за образование Арбер Адеми, нагласувајќи дека се многу блиску до решение за покачувањето на платите во образованието.

– Предлозите што ги дадовме до СОНК беа од април месец да одиме со ново 10 отсто покачување. Тоа акумулативно ќе значи повеќе од 21 отсто за две години и седум месеци. Буквално тие бараат да почнеме од јануари, да почнеме побрзо со ваквите постапки. За сето ова математиките велат дека покрај милијардите што ги даваме треба уште стотици, стотици милиони денари. Прашањето е дали ќе се откажеме од некоја градинка од некоја болница за да дадеме тука, не, не треба да се откажеме треба сите проекти да одат, треба сите да бидат задоволни, а сето тоа да биде рационално. Така да јас верувам дека ќе најдеме решение. Денеска во најмала рака ако не го најдеме решението, верувам ќе се доближиме, зошто во фаза на подготова е и самиот буџет. Денеска е можно договор, но и ако денеска не се реши, јас верувам дека во следните пет до седум дена ќе имаме конечна одлука, рече Заев.

Next Post

Дорис Пак: Во интерес на ЕУ е Северна Македонија да стане дел од Унијата

Најново

Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис – 21 април 2026

April 21, 2026

Почина новинарката Гордана Дувњак

April 21, 2026

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk