Според мирмоколозите (научниците што ги изучуваат мравките), во некои колонии од некои видови мравки, која обично е составена од илјадници и милиони мравки, одредени мравки ја имаат улогата на „брза помош“.
Кога некоја мравка е повредена (дали во борба со други колонии или други видови инсекти итн.), одредени единки на мравки доаѓаат и буквално ги собираат повредените мравки за да ги однесат на лекување во колонијата.
Третманот врз повредената мравка од „болничарите“ трае околу 4 минути и многу потсетува на хируршки зафат како тоа што го прават луѓето. Односно, другите мравки ја „лижат“ повредата (поточно, нанесуваат одредена супстанца што ја лачат), по што повредата има тенденција да се регенерира, а повредената мравка по некој период се враќа во својата првична улога.
извор: Фејсбук страна Научно.