ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Тројца пакистански и еден македонски државјанин осомничени за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против четири лица, тројца пакистански и еден македонски државјанин, за криумчарење мигранти. На тројца од осомничените им е одреден триесетдневен притвор, а на еден мерка куќен притвор

November 3, 2019 12:10
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поведе истражна постапка против четири лица, тројца пакистански и еден македонски државјанин, за криумчарење мигранти. На тројца од осомничените им е одреден триесетдневен притвор, а на еден мерка куќен притвор, пренесе МИА.

– Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Лицата, еден македонски и тројца пакистански државјани се осомничени дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење мигранти“ предвидено и казниво по член 418 – б став 3 во врска со став 2 и 4 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Кон крајот на октомври и почетокот на ноември, осомничените, заедно, по претходен договор, прифаќале мигранти и ги сместувале во куќата на осомничениот македонски државјанин. Кога мигрантите ќе посакале да си заминат, осомничените Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив. Тие ги принудувале жртвите телефонски да стапат во контакт со свои роднини кои веќе биле заминати во западноевропските земји и да бараат роднините да префрлат пари на сметки што осомничените им ги посочувале. Ако за определено време не биле испратени парите, жртвите биле тепани и малтретирани со палки и шипки.

– На ваков начин осомничените постапиле и кон две лица со индиско потекло. Тие вознемирени и со плачење се јавиле на свој пријател во Белград и побарале да уплати на сметка по 1.300 евра за секој од нив, за да им биде овозможено да ја продолжат рутата. Пријателот веднаш случајот го пријавил во српската полиција. По добиената информација од страна на органите на Р. Србија, вечерта на 1 ноември 2019 година, македонските полициски службеници спровеле полициска акција во село Ваксинце. Во куќата на првоосомничениот, каде во нечовечки услови со денови биле затворени мигрантите, при претрес се пронајдени првоосомничениот и дванаесет мигранти од кои две се малолетни лица, а тројца се препознаени како сторители на кривичното дело. Десетина лица – мигранти избегале непосредно пред полициската акција, се вели во соопштението.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, достави предлог за определување на мерката притвор за сите осомничени. Судијата го прифати предлогот и на тројца осомничени им определи притвор во траење од 30 дена, а за еден осомничен е определена мерка куќен притвор.​

Next Post

Паметните канти на кавадаречки професор првонаградени за иновација во Италија

Shortcut

Најново

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Убиени во своите домови и во автобуси: Два дена руски терор во Украина, 52 загинати, меѓу нив пет деца

October 8, 2026
Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk