ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Панел дискусија за подобрување на обесштетувањето за жртвите на трговијата со луѓе и родовото насилство

По повод 70-годишнината на Советот на Европа, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи Панел дискусија на тема: „Подобрување на пристапот до обештетување за жртвите на трговија со луѓе и родово засновано насилство“

November 4, 2019 09:45
in ОПШТЕСТВО, ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 70-годишнината на Советот на Европа, денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одржи Панел дискусија на тема: „Подобрување на пристапот до обештетување за жртвите на трговија со луѓе и родово засновано насилство“, пренесе МИА.

Оваа година кога се одбележува 70-годишнината на Советот на Европа  во рамките на француското претседателство со Комитетот на министри, фокусот е ставен врз подобрувањето на пристапот до надоместок за жртвите на трговија со луѓе и родово насилство, теми што се поддржани од „Хоризонталниот инструмент“.

 На настанот кој е организиран во рамките на „Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и за Турција“, меѓу другите, ќе се обратат и потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар, Eлене Конвеј Муре, сенатор на Република Франција, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние и други.

„Хоризонталниот инструмент за Западен Балкан и за Турција“ е програма финансирана од Европската Унија и кофинансирана од Советот на Европа, чија цел е унапредување на владеењето на правото и почитување на основните права во земјите кандидатки, во согласност со Европската конвенција за човекови права. Преку акцијата „Превенција и борба против трговијата со луѓе во Северна Македонија“ се обезбедува поддршка за процесот на изготвување закон за исплата на паричен надоместок од страна на државата за жртвите на насилни кривични дела. Се очекува законот да биде донесен од Собранието до крајот на 2019 година.

Next Post

Трамп на спортски натпревар пречекан со поздрави и свирежи

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Скопје Даут Пашин амам

Дневен хороскоп со Анаис (30 април): Продлабочување на хармонијата и префинетоста

April 30, 2026

СДСМ: Со укинувањето на техничката влада, државата капитулираше пред криминалот

April 29, 2026

Собранието изгласа укинување на техничката влада 

April 29, 2026
Фото илустрација Фронтлајн

Ново од „Безбеден град“: Код за верификација при регистрација на возилата за точна достава на казните

April 29, 2026

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство  

April 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk