ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Пендаровски: Датумот за избори да не се поврзува со нашето ратификување на договорот со НАТО

Не е мое да кажувам дали изборите ќе бидат на 12 април или не. Она што би сакал да го коментирам во однос на можноста за некакво одложување, тоа е врзано со ратификацијата на пристапниот договор кон НАТО и во нашиот Парламент. Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парлементот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент

November 4, 2019 21:05
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски смета дека датумот за предвремени парламентарни избори не треба да се поврзува со ратификацијата на договорот за членство на Северна Македонија во НАТО. Одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Тетово, претседателот потенцираше дека Собранието има можност да работи се додека не се верификуваат мандатите на новите пратеници, пренесе МИА.

– Не е мое да кажувам дали изборите ќе бидат на 12 април или не. Она што би сакал да го коментирам во однос на можноста за некакво одложување, тоа е врзано со ратификацијата на пристапниот договор кон НАТО и во нашиот Парламент. Кога ќе завршат сите ратификации кај сите земји членки и ние тој договор ќе треба да го ратификуваме во македонскиот Парламент. Во однос на тоа не треба да има никаква дилема. Парлементот постои и е активен се додека не се избере следниот парламент. Ако затреба кај нас да се ратификува тоа нема никаков проблем и притоа би апелирал да не се занимаваме со технички и правни задолженија. Ако треба, кога имате правно кажано техничка влада, мора и да има и технички парламент и не може да постои само техничка влада, а парламентот воопшто да не егзистира. Ако дојдеме до ситуација ќе се ратификува договорот без разлика кој месец да биде, воопшто да не се доведува датумот на изборите со тоа, рече Пендаровски.

Шефот на државата истакна и дека дипломатија продолжува со евроинтеграциите и фокусот е Франција.

-Правиме усилби практично од првиот ден, практично веднаш после последниот бриселски самит на ЕУ, да добиеме средба на што е можно повисоко ниво Француската Република и директно со претседателот Макрон и со луѓето околу него што точно побаруваат од нас и да ја надмине таа крајно непријатна ситуација, рече Пендаровски.

Претседателот на државата вечерва има среда со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли.

-Највисоките европски функционери велат главните одлуки објективно се носат во главните градови на неколку земји членки, а ние како европски функционери само ги соопштуваме. Не се сомневам во неговата добра информираност и воопшто не се сомневам во неговата добра намера кон нас и ова не му е прва изјава во таа смисла. Вечерва ќе ја искористам приликата да поразговарам подлабоко и подолго со Сасоли. Сепак мислам дека наредниот период, наредните недела ќе треба да добиеме посилен сигнал во таа насока дали наскоро ќе може да се измени крајно неповолен исход на последниот европски самит пред се Франција, истакна Пендаровски.

Шефот на државата во Тетово беше на средбите со граѓаните во рамки на проектот „Лице в лице со претсетдателот“.

Next Post

Сасоли: Немаше „не“ за датум, туку одлагање на одлуката

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk