ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Заев: СДСМ поддржува промена на Изборниот модел со една изборна единица

Тој ова го изјави денеска по тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, во организација на Иницијативата за една изборна единица во која првично беа вклучени 12 пратеници, а потоа поддршка дадоа уште тројца

November 5, 2019 19:25
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ поддржува промена на Изборниот модел во една изборна единица и ги охрабрува подносителите на оваа иницијатива да го отворат изборното законодавство во интерес на демократијата, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, пренесува МИА.

Тој ова го изјави денеска по тркалезна маса на тема „Промена на изборниот модел од шест во една изборна единица и отворени листи“, во организација на Иницијативата за една изборна единица во која првично беа вклучени 12 пратеници, а потоа поддршка дадоа уште тројца.

Според Заев со овие измени највисоко рангираните партии ќе изгубат најмногу, но ќе добие демократијата.

-Се работи за важна работа, која се дискутира во државата, која претставува еден чекор повеќе за  демократијата. Дебатата, која е отворена од иницијативата, предводена од Поповска, но и од другите пратеници, досега од 15 пратеници, да се отвори потребата за измена на изборното законодавство да се вгради нови изборен модел, мнозинството од граѓаните тоа го очекуваат. Сите сакаат да направат нешто повеќе за својот народ. Изразениот ризик дека секогаш овие модели можат да донесат ризик за идно автократско владеење, секогаш овие модели можат да носат ризик за автократско однесување на поголемите политички партии, но и демократкиот начин за поставување на фер шанса за сите, имајќи ја предвид мултиетничноста на државата, рече Заев.

Изрази верување дека со сериозни аргументи ќе се отвори дискусија да се носат одлуки во функција на демократијата.

Додаде дека преку ваквиот модел, секој пратеник ќе има поголем легитимитет и тежина и со него ќе стане поефиканска борбата против клиентелизмот и партизацијата на нашето општество.

Испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и до ДУИ, чии претставници не присустуваат на тркалезната маса, внимателно да размислат.

-И кај нив има демократски капацитети и тие добиваат од оваа работа, ако некој губи тоа ќе бидат СДСМ, потоа ВМРО-ДПМНЕ, потоа другите не губат, додаде премиерот.

Во врска со отворените листи рече дека СДСМ смета дека во моментов воведувањето една изборна единица е многу сериозен чекор и оти двете промени наеднаш тешко дека ќе можат да се спојат во моментов.

-Тоа би значело листа од 120 кандидати за пратеници, од 120-те кандидати граѓаните треба да ги пронајдат во чаршафот, треба да го пронајдат каде е нивниот вистински кандидат, рече Заев и додаде дека вториот проблем е што веројатно акумулацијата на гласовите ќе дојде кај кандидатите од поголемите средини и тие ќе имаат 50 до 60  отсто од пратениците.

Додаде дека отворените листи можат да се пробаат на следните локални избори, во 2021 година.

Next Post

Премиерите од Вишеградската група разочарани што ЕУ испраќа негативен сигнал до Западен Балкан

Shortcut

Најново

Утре во Скопје се отвора 25-то јубилејно издание на ОФФест

June 2, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Преку министерствата и општините инвестираме половина милијарда евра во капитални проекти

June 2, 2026
Охрид. Фото: Фронтлајн

Контроли на плажите: Владата ги прецизираше термините за забрана на скутери и чамци на трите езера

June 2, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски: Како нема афера ако имало упад во ИТ-системот на претседателскиот кабинет?

June 2, 2026

Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

June 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk