ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Француската фирма Bouygeus и германската Vamed во трка за изградба на Клинички

Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction, коишто сега влегуваат во фаза на дијалог, рече Филипче, кој појасни дека дијалогот се уште не е почнат, бидејќи се уште трае рокот за жалби од претходната фаза

November 6, 2019 14:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Две компании се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Скопје – Vamed и француската Bouygues construction, изјави министерот за здравство Венко Филипче во интервју за Фактор, а пренесува МИА.

„Процедурата е во фаза на конкурентен дијалог. Има три фази, фазата на евалуација заврши, останаа две компании германската Vamed и француската Bouygues construction, коишто сега влегуваат во фаза на дијалог, рече Филипче, кој појасни дека дијалогот се уште не е почнат, бидејќи се уште трае рокот за жалби од претходната фаза.

Вели дека засега нема жалби и за време на дијалогот се оди кон финалниот драфт на договорот кој ќе се тендерира.

-Значи преку дијалог со дискусија и разговор за она што ние го бараме од физибилити студијата од тие искусни компании, ние го дизајнираме тој договор кој ќе биде предмет на тендерирање. И тоа е третата фаза. Согласно сегашната динамика и динамиката на Министерство за финансии со преговорите со финансиерите мислам дека имаме шанси да завршиме оваа година или на почетокот на следната, нагласи Филипче.

Во интервјуто, министерот Филипче истакна зголемувањето на сумата на капитациониот бод за 15 отсто на општите лекари, стоматолози и гинеколози е делот од крупната реформа која се прави на примарната здравствена заштита.

Најави дека во следните два-три месеци ќе биде готов електронскиот регистар за малигни болести, кој досега го немаше. Се прави во соработка со претставници на Европската комисија и Светската здравствена организација.

Филипче истакна дека сега се во фаза на набавка на најсовремен акцелератор кој ќе има тип на зрачење што го немало до сега. -При крај се и до крај на декември ќе бидат во функција акцелераторите во Градската општа болница „8 Септември“ и Клиничката болница во Битола, со тоа ќе има терапија за пациентите и во друг регион па нема да мора да патуваат и да лежат на скопската клиника, рече Филипче.

Next Post

Дискусијата за проширувањето на агендата на Советот на министри на ЕУ на 19 ноември

Shortcut

Најново

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026
Самит на НАТО во Анкара, 7-8 јули 2026, Марк Руте и Доналд Трамп (фото извор: НАТО)

(НЕДЕЛЕН РАПОРТ) Самит на НАТО, воена ескалација на Блискиот Исток и други клучни настани

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk