Временска лента (Timeline), или Временска историја на најпопуларните музички уметници од 1969 до 2019 година рангирана според годишна сертифицирана рекордна продажба. Бројките ја опфаќаат продажбата низ целиот свет и се прилагодуваат на дванаесет месеци во просек.
Временската лента е извонредно визуелизирана и го покажува богатството на музичката култура во светот низ бројки и периоди.
Податоците за последните години вклучуваат продажба на дигитални синглови, како што е соопштено од трговците преку Интернет и услугите за стриминг. Овие податоци агрегираат повеќе извори и можат да послужат како индикатор на популарност во различни медиуми, како што се продажба на албуми, радиодифузија, продажба на дигитални копии и фреквенција на онлајн стриминг.
Авторот на овој проект се потпишува како Data Is Beautiful.
Ј. Ѓ