ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

САДУ реагира на одлуката за нерамномерно зголемување на додатоците на плата

Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), денеска изрази назадоволство од одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата за 10 проценти за судиите и само пет проценти за судските службеници

November 8, 2019 18:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикалната организација на правосудството при Синдикатот на администрација и државна управа (САДУ), кој е дел од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), денеска изрази назадоволство од одлуката на Судскиот буџетски совет за зголемување на додатоците на плата за 10 проценти за судиите и само пет проценти за судските службеници, пренесува МИА.

Претседателот на синдикалната организација Драган Јосевски попладнево пред Основниот суд Скопје 1 изјави дека ваквата одлука е штетна и потценувачка за вработените во судската служба.

– Како Синдикат не се согласуваме ниту со предлогот на Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судски службеници за процентуално зголемување. Како Синдикат размислуваме и ќе понудиме номинално единство, односно да се избалансира распределбата на додатоците на плата. Треба два до три пати да се зголемат додатоците на плата на судските службеници во однос на судиите, рече Јосевски.

Во однос на најавите за бел штрајк на Синдикатот на УПОЗ, Јосевски вели дека тие како синдикална организација се за црн штрајк.

– Ја поздравуваме заложбата на УПОЗ и Здружението на судската служба кои ја детектирале оваа понижувачка положба на судските службеници, меѓутоа начинот ни се разликува, изјави Јосевски, обвинувајќи дека претставници  на УПОЗ во февруари го уништиле еднодневниот штрајк што го организирале.

Барањата ќе го достават до надлежните институции, а доколку не имаат позитивен одговор, тогаш вели тој, штрајкот е легитимно право за борба на правата на работниците.

Next Post

Отворен ден во Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски

Shortcut

Најново

Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

July 30, 2026

СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

July 29, 2026

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала

    Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: По изјавите на Мицкоски за економски лидерство, германската компанија БМЗ го затвора погонот во Илинден и заминува во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk