На ВМРО-ДПМНЕ им смета борбата против лажните вести. Лично се засегнати, зашто граѓаните сѐ повеќе се противат на паранојата што ја шират, не им прифаќаат лаги и стравови за “бугарски кран што урива споменици”, за “100.000 бегалци кои ќе ја населеле земјата” и за “избришана химна од учебниците”.
Доста е од лагите од фамозниот Центар, напиша на својот Фејсбук профил Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност на Претседателот на Владата, Зоран Заев.
Дали ВМРО-ДПМНЕ се единствените на кои им пречи борбата против лажни вести?, праша на крајот на објавата Забрчанец.