Претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва го пречека македонскиот претседател, Стево Пендаровски, во Париз. На фан страната на македонскиот претседател се објавени и неколку фотографии од пречекот.
Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Emmanuel Macron, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици.









