Ја објавуваме видео снимката од последните минути од седницата на собраниската комисија, на која е сосема очигледно како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја минираат постапката за озаконување на покачувањето на минималната плата.
Како што објави FRONTLINE.MK претходно, пратениците на ВМРО – ДПМНЕ го блокираа покачувањето на минимална плата. Пратеникот Влатко Ѓорчев одолговекуваше со паузи, долги дискусии, тензии, а потоа и си замина. Потпретседателката на комисијата за труд и социјална политика, Весна Пемова, исто така, од ВМРО-ДПМНЕ, ја прекина седницата.