ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Манчевски: Плата за блокираните институции кои не внесоа податоци за вработените во администрацијата

Од 15-ти октомври до денеска во системот се внесени нови 32.247 податоци за вработените, од кои 21.827 податоци за вработени кои досега воопшто не биле во системот, додека 10.420 податоци се ажурирање на претходно доставени податоци. Во моментов вкупната бројка на внесени вработени изнесува 91.653

November 11, 2019 15:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски информираше дека денеска ќе им биде исплатена платата во институциите кои не ги внеле податоците за вработените во Информациониот систем за управување со човечки ресурси. Од 15-ти октомври до денеска во системот се внесени нови 32.247 податоци за вработените, од кои 21.827 податоци за вработени кои досега воопшто не биле во системот, додека 10.420 податоци се ажурирање на претходно доставени податоци. Во моментов вкупната бројка на внесени вработени изнесува 91.653, пренесе МИА.

-Наша цел не е казнување на вработените, но наша цел е воведување на ред во системот и обезбедување точни податоци за состојбата со бројот и демографските карактеристики на вработените во јавниот сектор во ИСУЧР, согласно со закон, рече министерот Манчевски. На овој начин, како што додаде, МИОА постапува по забелешката на Државниот завод за ревизија.

Овој пат врз основа на проверка поради неажурирани податоци, платата била стопирана во 80 институции.

Манчевски на прес-конференцијата истакна дека стопирањето на плати, нема да биде еднократен процес. – За да имаме во реално време релеватни податоци за вработените, неопходно е тие да се ажурираат навремено. Затоа, овој процес ќе се повторува секој месец и во секоја институција каде што нема да се внесуваат и навремено ажурираат податоците. Системите на Упрвата за јавни приходи и на МИОА се поврзани и овој процес е веќе автоматски, рече Манчевски.

Во оваа, како што кажа тој, операција, не се вклучени здравствените, образованите институции и градинките, но и овие кадри ќе треба да бидат внесени во системот откако ќе бидат донесени измените на Законот, кој, како што најави Манчевски, набрзо ќе влезе во процедура. Во овој процес не се нити Министерството за внатрешни работи, ниту Армијата, затоа што нивна обврска според закон е доставување само на вкупна бројка на вработени без поединечна анализа.

Извештајот со вкупниот број на вработени во администрацијата ќе биде објавен во март.  Министерот вели дека сега не може точно да каже колку вработени има во администрацијата бидејќи нема целосна пополнест на системот.

– Но, со динамиката што ја утврдивме следниот месец ќе може да кажеме дека сме целосно внесени податоците и тие јавно ќе бидат достапни, вели Манчевски.

МИОА, вели тој, ги нема податоците за потребите за вработување на секоја институција поединечно, се работи за 1.300 институции.

-Тоа го менаџираат раководителите на инстуитуциите. Ние ги спроведуваме постапките, не го планираме нивното вработување или кои се нивните систематизации и годишни планови за вработување. Се работи за комбинација, пополнување на тоа што се празни и евентуално некои нови места, рече Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата за нови вработувања во администрацијата.

Како пример за отворање над шеесетина нови работни места министерот посочи на Управата за извршување на санкции, каде што се воведува сосема нова функционалност пробација – контролни алки што се ставаат на притворени за да не избегаат кога ќе се пуштат од домашен притвор.

Министерот предупреди дека на крајот на годината во јавноста повторно може да има интерес од јавноста, особено поради претстојните можни избори, за договорите на определено време.

– Знам дека ќе има обид ова да се поврзе во изборни цели. Но, да ве потсетам дека и лани беше така и претходно беше така, бидејќи согласно законот на 31 декември им истекуваат договорите за оваа година и институцијата ги продолжува на определено време договорите, рече Манчевски.

Next Post

Заев и Царовска: се остваруваат условите за пораст на пензиите

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk