ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

November 11, 2019 09:33
in РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена  епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце, пренесе МИА.

-Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка.

И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.

 -Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи,  а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на  зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска.

Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја.Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња.

Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачје на општините во реонот се следи постојано.

Next Post

Ново рочиште за „Ласкарци“

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk