ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Митко Јанчев за советниците на ВМРО-ДПМНЕ: Ти ги каниш на свадба, тие ти велат со кого ќе седам на маса

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на денешната седница даде свој коментар на текот на денешната 34-та седница на Советот на Општина Кавадарци. Јанчев се осврна и за напуштањето од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата со којашто се одбележуваат две години од новиот состав на локалната власт

November 14, 2019 18:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Митко Јанчев / фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ

Митко Јанчев / фото: М. Ивановска/ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на денешната седница даде свој коментар на текот на 34-та седница на Советот на Општина Кавадарци.

Јанчев се осврна и за напуштањето од страна на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата со којашто се одбележуваат две години од новиот состав на локалната власт.

Имено, Јанчев вели дека сите ги поканил на пресот, но дека ВМРО-ДПМНЕ не сакале да застанат на пресот заедно со тие на СДСМ, а од друга страна се заблагодари на советниците на СДСМ, оти немале проблем да застанат сите заедно.

Не фати вирусот – Ти го каниш на свадба, тој те прашува со кого ќе седам на маса, сликовите го опиша градоначалникот Митко Јанчев однесувањето на советниците.

Јанчев искажа и разочараност од тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ од неразбирливи причини потоа одлучиле и да ја напуштат и седницата на Советот, на која се одлучувало за многу важни работи за граѓаните на Општина Кавадарци. Тој ги повика советниците од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните, да ги смират своите суети и да ги надминат меѓусебните недоразбирања во партијата.

Политиката не е за секого, потенцира градоначалникот на Кавадарци, резигниран од однесувањето на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Од денес секој граѓанин будно и разумно да ги следи и да ги гледа однесувањата на сите политички партии и на сите поединечни советници, за кога ќе дојдат изборите направи правилен избор, порачува Митко Јанчев.

Јанчев на крајот со надеж дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се коригираат и се надева дека конечно неговата партија ќе стане партија од народот, а не партија за лични интереси, или партија водена во правец каде ќе носи само негативни моменти за општеството.

Ј.Ѓ

Next Post

Анѓушев: Остануваме посветени на евроатлантските интеграции во насока на стабилност и побрз економски раст

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk