ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Павле Богоевски: Скриена амнестија или јавна манипулација

Една работа треба да ни биде кристално јасна: Иницијативата против чл. 353, ст.5 од Кривичниот Законик - по која во моментов расправа Уставниот Суд - е опасност за случаите на СЈО поголема од бегството на Груевски и „Рекет“ заедно. Лани, адвокатот на Груевски поднесе иницијатива пред Уставен Суд. Малкумина ја сфатија сериозно, бидејќи иницијативата е нелогична и беспредметна и бидејќи во тоа време, главната активност на оспорување на чл.353 им беше преку Собранието - каде тешко, ама успешно одбранивме неколку скриени и јавни обиди за укинување на овој член

November 14, 2019 13:35
in ДЕНЕС, ПРАВДА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Една работа треба да ни биде кристално јасна: Иницијативата против чл. 353, ст.5 од Кривичниот Законик – по која во моментов расправа Уставниот Суд – е опасност за случаите на СЈО поголема од бегството на Груевски и „Рекет“ заедно.

Лани, адвокатот на Груевски поднесе иницијатива пред Уставен Суд. Малкумина ја сфатија сериозно, бидејќи иницијативата е нелогична и беспредметна и бидејќи во тоа време, главната активност на оспорување на чл.353 им беше преку Собранието – каде тешко, ама успешно одбранивме неколку скриени и јавни обиди за укинување на овој член.

Што се однесува до нивната пропаганда – велат дека членот е спротивен на препораките на ЕУ и бараат да се укине; ако не може да се укине тогаш тврдат дека казните се превисоки и предизвикувале да страдаат луѓето – т.е. бараат минималните казни да се намалат од 5, на 4 години казна затвор; исто така, бараат вината да се прераспредели кај пониските ешалони во институциите, односно покрај министрите, дел од одговорноста да сносат членовите на комисиите за јавни набавки.

Оваа иницијатива не смее да помине!

Вистина е дека ЕУ имаше забелешки на овој член – но тоа беше поради начинот на кој се користеше во времето на предходната влада. Тогаш, груевски го подигна прагот од 4 на 5 години за да може своите неистомисленици да ги става директно во затвор. Имено, ако некое лице е осудено на казна затвор од 4 години, таа казна може да биде ублажена на 2год. Доколку делото е ненасилно, тогаш таа казна од 2г. може да биде заменета со условна осуда и сторителот може да не помине ниту еден ден зад решетки. Ако минимумот е 5 години, тогаш сторителот не може да го избегне издржувањето затвор. Но, клучната разлика е што во времето на груевски немаше опасност од застареност на постапките, бидејќи тие завршуваа практично преку ноќ – посебно ако беа против некој функциуонер кој и’ откажал послушност на фамилијата.

Наречете ме строг – но јас не се согласувам со забелешките на ЕУ. Мислам дека ако некој функционер ја злоупотреби својата положба – тогаш треба да биде сигурен дека нема шанси да се извлече без ниту еден ден во затвор. Впрочем, тоа е и следниот аргумент. Со чл. 353 не „страдаат“ луѓе, туку функционери. Оваа реченица не е некоја смешна фраза или политички трик – кривичното право познава два типа на кривични дела – општи и посебни. Општите може да ги стори секое лице, и таму можеме да кажеме дека „страдаат луѓе“. Посебните (помеѓу кои е и 353), можат да ги сторат само службени и одговорни лица, односно не секој човек. Така да, другари – мислам дека функционериве и премалку ни „страдаат“, а не обратно. Искрено верувам дека функционерот треба да се тресе и мачно да го мисли секој свој потпис, бидејќи секој нивен потпоис има огромни последици врз сите нас. Врз основа на тоа – паѓа и заложбата за распределување на одговорноста. Членовите на комисиите за јавни набавки не одлучуваат и не потпишуваат ништо – само даваат препораки, а одлуката и потписот е на министерот.

Тука се практичните аспекти кои ја прават опасноста уште поголема – ако оваа иницијатива помине, автоматски ќе застарат речиси сите постапки на СЈО, вклучувајќи ги и оние кои државниот Јавен обвинител се’ уште ги нема распоредено.

И на крајот – мора да расчистиме каков е ставот на ДУИ по ова прашање. Иако декларативно ги поддржуваат случаите, тие исто така го поддржуваат укинувањето на чл.353, а кандидатот кој го предложија (а ние го изгласавме) за уставен Судија, Осман Кадриу – вчера беше еден од најгласните застапници за укинување на членот, заедно со повеќето од Судиите кои беа назначени во време на вмро. Така, ДУИ мораат еднаш и засекогаш, не само на зборови, туку и преку дела да покажат дека нивната љубов со груевски е минато и дека нема да ги штитат нивните функционери од последиците.

пишува: Павле Богоевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

July 3, 2025
Фото: Влада на РСМ

Азизи: Одобрени 829 проекти од околу 15 милијарди денари за патишта, училишта, градинки, спортски сали и водоводни и канализациски системи

July 2, 2025

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Кос: Ситуацијата е јасна – откако ќе се направата уставните промени веднаш започнуваме со меѓувладина конфернција без било какви дополнителни политички условувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (АУДИО) Руски офицер признава дека го соборил азербејџанскиот патнички авион, според протечената изјава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk