СДСМ најавува постапка за целосен ветинг во судството, потенцира портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на денешниот прес и додава дека она што сега се случува во правосудството е срамно и неприфатливо.
Преку неефикасни постапки, судството му дозволува на Груевски да ескивира од правдата и ние жестоко се противиме на тоа.
Ова мора да престане.
Неопходен е ветинг во судството, за да се направи дистинкција меѓу чесните и професионални судии и обвинители и оние кои не се на нивото на професијата, вели Костадинов.