ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Скопските општини да се вклучат во Програмата ЕБОР Зелени градови

Скопје е веќе еден од 35-те града кои се приклучени кон Програмата ЕБРД Зелени градови, а ова е првпат на општините да им се понуди директен пристап на концесиско финансирање од ЕБОР и Фондот за зелена клима

November 14, 2019 16:46
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Десетте скопски општини имаат можност да се пристапат кон ЕБОР и Зелениот климтски фонд на финансирање. Денеска средба ќе одржат претставници од Програмата ЕБОР Зелени градови со претставници на Владата, Градот Скопје и неговите општини, за да ги одредат приоритетите за градење на подобра и поодржлива иднина на главниот град и на неговите жители. Со ова, ќе започне првата фаза на имплементација на Акцискиот план за зелени градови, пренесува МИА.

Скопје е веќе еден од 35-те града кои се приклучени кон Програмата ЕБРД Зелени градови, а ова е првпат на општините да им се понуди директен пристап на концесиско финансирање од ЕБОР и Фондот за зелена клима.

Во соопштението од ЕБОР стои дека загадувањето на воздухот е критичен проблем во Скопје, но оти ЕБОР работи со општинските лидери приоритетно да го разреши.

– Скопје се приклучи кон оваа програма во март 2019, кон која брзо пристапуваат и други градови во државите каде ЕБОР има свои канцеларии. Скопје ќе биде првиот град во Северна Македонија кој ќе развие Акциски план и ќе помогне во идентификување, приоритизирање и справување со најважните еколошки предизвици, се наведува во соопштението.

До сега Градот Скопје преку Акцискиот план за Зелен Град (АПЗГ), развиен со помош на ЕБОР, има инвестирано во еколошки автобуси со цел да се справи со загадувањето на воздухот, а планира да направи подобрувања на системот за прочистување на отпадните води.

-Врз основа на добрата имплементација на АПЗГ, систематската програма на инфраструктурни подобрувања ќе му помогне на градот, кој сега се наоѓа во фаза на имплементација. ЕБОР работи и со десетте скопски општини, на имплементација на визијата на Скопје и неговата еколошки одржлива иднина, стои во соопштението.

Посочуваат дека состанокот со градоначалниците се одржа во Владата на Република Северна Македонија и претставува можност градоначалниците на општините Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров, Бутел, Шуто Оризари, Сарај и Чаир да ги одредат своите приоритети.

Целта на состанокот е да се претстават можностите за финансирање на општинските еколошки проекти преку Програмата ЕБОР Зелени Градови, да се разговара за еколошките предизвици на општинско ниво, преку имплементација на проекти во секторите, вклучувајќи јавен транспорт, градење енергетска ефикасност, менаџирање вода и отпадна вода, цврст отпад, општинско греење, општински енергетски систем, улично осветлување и патишта.

ЕБОР Зелени градови е програма вредна  950 милиони евра, која нуди сеопфатен бизнис модел за зелен урбан развој, комбинирајќи стратешко планирање со инвестиции и техничка помош. Во јули 2019 година, потпишан е договор со Зелениот климатски фонд (ЗКФ) во износ од 87 милиони евра, за поддршка на програмата во девет држави, вклучувајќи ја и Северна Македонија.

ЗКФ е најголемиот светски фонд кој ги поддржува напорите на справување со предизвиците на климатските промени на земјите во развој, со особено внимание на градовите.

ЕБОР се стреми да го зголеми обемот на финансирање во зелени проекти до 40 отсто од годишното инвестирање до 2020 година, кои се согласно обврските од 2015 Парискиот Договор.

Next Post

Лажните вести и злоупотребата на податоци, удар за демократските општества

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk