ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Богдановиќ: Сè е предадено во Обвинителство за катната гаража кај „Авто Македонија“, останува уште да се самозапалам

Тој вели дека токму Правилникот за формирање на цената на јавното наддавање кој им е доставен на Обвинителството е доказ дека е извршена злоупотреба на службена должност и оштетен буџетот на Општината

November 15, 2019 14:31
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПРАВДА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ тврди дека сите потребни документи и докази за случајот со барокната катна гаража кај „Авто Македонија“ се предадени на Јавното обвинителство. Откако вчера од Обвинителството соопштија дека Општината не ги доставила дополнителни материјали по кривичните пријави кои биле побарани од нив и со тоа не приложиле докази, Богдановиќ денеска на прес-конференција ги покажа документите за сите достави до Обвинителството кои биле побарани од нив, пишува СакамДаКажам.

„По кривичните пријави во 2015 година, претставници од Општина Центар на 3 февруари 2016 година биле повикани во Обвинителството и доставиле 72 списи. Два дена подоцна на 5 февруари доставени се и дополнителни материјали. Оттогаш нема стигнато никакво известување до Општината. Откако ние го преземавме градежното земјиште на 13 август 2019 документацијата за овој случај ја доставивме до Јавното обвинителство, а на 15 август и дополните документи. Исто така целата документација ја доставивме и до Министерството за внатрешни работи. Од наша страна сѐ е направено, останува уште да се самозапалам, па да се постапи по случајот“, вели Богдановиќ.

Тој вели дека токму Правилникот за формирање на цената на јавното наддавање кој им е доставен на Обвинителството е доказ дека е извршена злоупотреба на службена должност и оштетен буџетот на Општината. Според Правилникот за утврдување на висината на цената на градежно земјиште при компатибилна намена таа треба да е 70 отсто од цената за изградба на катна гаража која е 6.000 денари и 30 отсто од цената за деловен простор која е 5.000 денари. Според тоа како што вели Богдановиќ почетната цена на јавното наддавање требала да биде 5.600 денари, а не 1.850 денари.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.
Next Post

Влатко Стефановски гостуваше во Тетовското музичко училиште

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав Четиринаесетти бара прекин на насилството во Судан и Танзанија

November 2, 2025
Фото: OpenAI

Што знаеме за Атлас – новиот веб-прелистувач на ChatGPT

November 2, 2025
Скриншот

Џенифер Лоренс: Славните не менуваат ништо – можеби е време да замолчам за Трамп

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk